Psalms (1/150) → |
1. | Блажен е оној, што не оди на советот безбожнички, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници, |
2. | па му омилел законот на Господа и во законот Негов дење и ноке се поучува; |
3. | тој е како дрво посадено крај воден извор, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не вене; и во се што прави, напредува. |
4. | Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го растура ветар по земјата. |
5. | Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците - во соборот на преведниците. |
6. | Зашто Господ го знае патот на преведниците; патот, пак, безбожнички води во погибел. |
Psalms (1/150) → |