← Proverbs (9/31) → |
1. | Премудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови, |
2. | ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја; |
3. | ги испрати слугите свои да огласат од градските височини: |
4. | "Кој е неразумен, да наврати тука!" И на малоумните таа им рече: |
5. | "Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила; |
6. | оставете ја неразумноста, и ке живеете; одете по патот на разумот." |
7. | Кој поучува бесрамник, ке си спечали неславност, и кој го разобличува нечестивецот - дамка. |
8. | Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ке те засака. |
9. | Дај му совет на мудриот, и тој ке биде уште помудар; научи го праведниот, и тој повеке ке напредне во знаењето. |
10. | Почеток на мудроста е стравот Господов, и познавањето на светиот е разум; |
11. | зашто преку мене ке ти се умножат дните, и ке ти се додадат години на животот. |
12. | Синко! Ако си мудар, мудар си за себеси и за ближните свои; и ако си лош, самиот ке страдаш. Кој се крепи на лага, тој пасе ветрови, потскокнува зад птиците што фрчат: зашто тој го оставил патот кон своето лозја и талка по патеките на нивата своја; минува преку безводна пустиња и земја, осудена да жеднее со рацете свои собира бесплодност. |
13. | Жена без расудување е зборлива, безумна и ништо не разбира, |
14. | седнува пред кукната врата на стол, по високите места на градот, |
15. | за да им вели на минувачите, што си одат право по патот: |
16. | "Кој е глупав, нека наврати тука", а на малоумните им вели: |
17. | "Крадена вода е слатка, и сокриен леб е - пријатен." |
18. | И тој не знае дека поканетите од неа родени на земајта умираат, и дека се во дното на пеколот. Но ти оттргни се, не задржувај се на тоа место, не запирај го погледот свој на неа; зашто само така ке минеш преку ту а река. Бегај од ту а вода и не пиј од ту извор, за да поживееш многу време и да ти се додадат години на животот. |
← Proverbs (9/31) → |