← Proverbs (8/31) → |
1. | Нели мудроста вика? И нели разумот го издига гласот свој? |
2. | Мудроста застанува на високи места, крај патот, на раскрсници; |
3. | таа вика пред портите при влезот во градот, при велзот на вратата силно извикува: |
4. | "Кон вас, лу е, викам, и кон синовите човечки е мојот глас! |
5. | Научете се, неразумни, на благоразумие, и безумни, - на разум. |
6. | Слушајте, бидејки ке говорам важни работи, и устата моја ке изрече правда; |
7. | зашто јазикот мој ке ја изговори вистината; лажливата уста одвратна е за мене. |
8. | Сите зборови на устата моја се справедливи; во нив нема ни подмолност, ни лукавство; |
9. | сите тие се јасни за разумниот и справедливи за оние, што се здобиле со знаење. |
10. | Примете го учењето мое, а не сребро; подобро знаење, отколку најдобро злато; |
11. | зашто мудроста е подобра од бисер, и ништо, од она што е скапоцено, не може да се спореди со неа. |
12. | Јас, премудроста, живеам со разумот и барам ресудувачко знаење. |
13. | Стравот Господов ја мрази неправдата; ја мрази гордоста и восокомерноста, лошиот пат и подмолната уста. |
14. | Мои се советот и разумноста; јас сум разум, во мене е силата. |
15. | Преку мене цареви царуваат, и заповедници правда озаконуваат; |
16. | преку мене началници управуваат и големци и сите судии земни. |
17. | Ги сакам оние што мене ме сакаат, и кои Ме бараат, ке најдат добрина; |
18. | во Мене се богатството и славата, богатата ризница и правдата; |
19. | плодовите мои се подобри од злато, и од најчисто злато, и користа од мене е повеке отколку од најчисто сребро. |
20. | Јас одам по патот на правдата, по патеките на правосудството, |
21. | за да им доставувам вистинско добро на оние, што ме сакаат, нивните ризници ги полнам. Кога го објавувам она, што станува секојдневно, нема да заборавам да го спомнам и она, што е од секогаш. |
22. | Господ ме создаде за почеток на Својот пат, на Своите творби, |
23. | ме создаде уште од вечноста, во почетокот, пред да ја создаде земјата. |
24. | Јас сум се родила, кога уште немаше бездни, кога уште немаше извори, изобилни со вода. |
25. | Јас сум се родила пред да бидат втемелени горите, пред ридовите, |
26. | кога Господ уште не беше ја создал земјата, ни полињата, ниту првите прашинки на вселената. |
27. | Кога Он го приготвуваше небото, јас бев со Него, кога го поставуваше престолот Свој врз ветровите, |
28. | кога ги утврдуваше облаците во висините, кога ги зацврстуваше изворите на бездната, |
29. | кога ги поставуваше границите на морето, за да не ги преминуваат водите неговите брани, кога ги полнеше основите на земјата, - |
30. | јас бев при Него кога создаваше, и се радував секој ден, веселејки се пред лицето Негово за сето време, |
31. | веселејки се на Неговиот земен круг, и радоста моја беше со синовите човечки. |
32. | И така, синко, сега послушај ме: блажени се, оние што ги пазат моите патишта! |
33. | Послушај ја поуката, бидете мудри и не отстапувајте од неа. |
34. | Блажен е оној човек, кој ме слуша, станувајки бодар секој ден при портите мои и стоејки на стража при вратата моја! |
35. | Зашто, кој ме нашол мене, нашол живот; и ке добие благодат од Господа; |
36. | а кој греши против мене, нанесува штета на душата своја: сите што ме мразат мене, ја сакаат смртта." |
← Proverbs (8/31) → |