← Proverbs (7/31) → |
1. | Синко, пази ги зборовите мои, и сокриј ги во тебе заповедите мои. Синко, почитувај Го Господа, - и ке се зацврстиш и, освен од Него, не се плаши од никого. |
2. | Пази ги заповедите мои, и ке живееш; пази го и учењето мое, како зеницата на очите свои. |
3. | Врзи ги на прстите свои, напиши ги на плочите од срцето свое. |
4. | Кажи и на мудроста: "Ти си ми сестра!" - и наречи го разумот твој роднина, |
5. | за да те пазат од жената на друг, од ту а, која ги засладува зборовите свои. |
6. | Ете, еднаш гледав од прозорецот на куката моја, низ мојата решетка, |
7. | и видов ме у неискусните, забележав ме у младите едно неразумно момче, |
8. | кое минуваше преку плоштадот близу до нејзиниот агол и кое одеше по патот кон нејзината кука, |
9. | квечерина кога се стемнуваше, во нокната темнина и во мракот. |
10. | И ете, во пресрет му доа а жена, наконтена како блудница, со подмолно срце, |
11. | зборлива и нескротлива, нозете нејзини не се запираат в куки: |
12. | де на улицата, де по плоштадите и на секој агол поставува стапици. |
13. | Таа го зграпчи, го бакна и со бесрамно лице му зборуваше: |
14. | "Мирна жртва имам денес: денес го исполнив планот свој; |
15. | затоа и излегов да те пресретнам, за да те побарам, и те најдов; |
16. | со килими го украсив леглото свое, со разнобојни покривки египетски; |
17. | леглото свое го попрскав со смирна, алој и дарчин; |
18. | дојди, ке се насладуваме со љубовта дури до зори, дојди да се радуваме во милување, |
19. | зашто маж ми не е дома: тој замина на долг пат; |
20. | една кеса сребро зеде со себеси; ке си дојде дома кон полната месечина." |
21. | Со многу ласкави зборови таа го привлече, со меката уста своја го овладеа. |
22. | Тој веднаш тргна по неа, како што вол оди на колење и како куче - на верига, како елен - на истрел, |
23. | додека стрела не му го пробие црниот дроб, како птичка што се фрла во стапица, а не знае дека е таа за нејзина погибел. |
24. | И затоа, синко, послушај ме и внимавај на зборовите од устата моја. |
25. | Да не скршнува срцето твое по нејзиниот пат, да не талка по патеките нејзини, |
26. | зашто таа многумина смртно ранила, и многумина јунаци таа убила. |
27. | Нејзиниот дом е пат кон пеколот, кој води во внатрешните живеалишта на смртта. |
← Proverbs (7/31) → |