← Proverbs (6/31) → |
1. | Синко, ако си зел одговорност за твојот ближен и си ја дал раката своја за друг, |
2. | ти си се врзал со зборовите на устата своја, фатен си со зборовите на својата уста. |
3. | Затоа направи, синко еве што, за да се избавиш, бидејки, си паднал во рацете на својот ближен: оди, падни пред нозете на блискиот свој и моли го; |
4. | не им давај сон на очите твои и дремна на клепките свои, |
5. | спасувај се како срна од стапица и како птица од мрежа. |
6. | Оди кај мравката, мрзливче, види ја нејзината работа и биди мудар. |
7. | Таа нема ниту началник, ни настојник, ниту заповедник; |
8. | но ја приготвува храната лете, ја собира во време на жетва храната своја. Или оди кај пчелата и види, колку е трудољубива, каква пофална работа врши; трудот нејзин го употребуваат за здравје и царевите и обичните лу е; неа сите ја сакаат, и таа е славна; иако по силата е слаба, но по мудроста е почитувана. |
9. | До кога, мрзливче ке спиеш? Кога од сонот ке станеш? |
10. | малку ке поспиеш, малку ке подремеш, малку со скрстени раце ке полежиш: |
11. | и ке дојде сиромаштијата твоја како патник, и немаштијата твоја како разбојник. Ако, пак, не бидеш мрзелив, жетвата твоја ке дојде како извор, а скудноста ке избега далеку од тебе. |
12. | Човек лукав, човек нечестив со лажлива уста, |
13. | намигнува со очите, говори со нозете, дава знаци со прстите, |
14. | во срцето негово има подмолност: тој мисли зло во секое време, сее раздори. |
15. | Затоа ненадејно ке дојде неговата пропаст, наеднаш ке биде сотрен - без излекување. |
16. | Еве шест работи, кои Господ ги мрази - дури седум, што му се одвратни на душата Негова: |
17. | очи горделиви, јазик лажлив и раце, што пролеваат невина крв, |
18. | срце кои крои лоши планови, нозе, кои брзо трчаат кон зло, |
19. | лажен сведок, кој измислува лаги, и оној, што сее раздор ме у брака. |
20. | Синко, пази ја заповедта на татка си и не отфрлај поуката на мајката своја; |
21. | врзи ги засекогаш за срцето свое, врзи ги околу вратот свој. |
22. | Ако тргнеш, тие ке те раководат; ако легнеш да спиеш, ке те пазат, ако се разбудиш, ке разговараат со тебе; |
23. | зашто заповедта е светило, и поуката - светлина, а опомената - пат кон животот, |
24. | за да те пазат од расипана жена, од ласкав јазик на ту а. |
25. | Не ја посакувај убавината нејзина во срцето свое, за да не бидеш уловен преку очите свои и да не те вовлече со трепките свои, |
26. | зашто поради жена блудница човекот па а до корка леб, а жена прељубодејка уловува многу чесна душа. |
27. | Може ли некој да носи оган во гради, а да не се запали облеката негова? |
28. | Може ли некој да оди по вжарени јаглења, а да не ги изгори нозете свои? |
29. | Истото тоа станува и со оној, кој влегува кај жена на ближниот свој; кој и ке се допре до неа, нема да остане без вина. |
30. | Не му проштеваат на крадецот, ако краде за да си ја насити душата, кога е гладен; |
31. | ако го фатат, тој плака седумпати повеке, го дава целиот свој имот. |
32. | Кој, пак, врши прељуба со прељубница, тој нема ум; си ја погубива душата своја, оној што врши тоа; |
33. | биење и срам ке најде тој, и бесчестието негово нема да се избрише, |
34. | зашто љубомората е јарост на мажот, и во денот на одмаздата своја - тој не ке знае за милост, |
35. | нема да прими никаков откуп и нема да се задоволи ни со многу подароци. |
← Proverbs (6/31) → |