← Proverbs (5/31) → |
1. | Синко, внимавај на мудроста моја и приближи го увото кон зборовите мои, |
2. | за да ја запазиш добрата мисла, и устата твоја да го зацврсти знаењето; не и обрнувај внимание на лошата жена, |
3. | зашто мед тече од устата на блудница, и нејзиниот збор е помек од елејот; |
4. | но последиците од неа се горчливи како пелин, остри како меч со две сечива; |
5. | нозете нејзини слегуваат кон смртта, стапките нејзини водат до пеколот. |
6. | Таа не оди по патот на животот, патиштата нејзини се непостојани, таа не е разумна. |
7. | Затоа сега, синко, послушај ме и не отстапувај од зборовите Мои. |
8. | Држи го подалеку од неа патот свој и не приближувај се до вратата на куката нејзина, |
9. | за да не си го дадеш животот свој на друг и годините свои на мачител; |
10. | за да не се наситуваат ту инците од твојата сила, и трудовите твои да не бидат за ту а кука, |
11. | за да офкаш отпосле, кога плотта твоја и телото твое ке бидат истоштени, - |
12. | оти потоа ке речеш: "Зошто ја мразев поуката, и срцето мое го презираше разобличувањето, |
13. | зошто не го послушав гласот на моите учители, и не го приклонував увото кон оние што ме поучуваа? |
14. | За малку ке паднев во секакво зло среде собранието и општеството!" |
15. | Пиј од водата на твојот извор и од онаа, што извира од твојот кладенец. |
16. | Нека не се разлеваат твоите извори по улицата, водните потоци - по плоштадите; |
17. | нека ти припа аат тие само тебе, а не и на ту инци. |
18. | Благословен да биде изворот твој; и утешувај се со жената на својата младост, |
19. | Нека ти е мила како кошута и како срна драга; нејзините гради нека те допираат во секое време, со љубовта нејзина насладувај се постојано; |
20. | и зошто ти е, синко, да се забавуваш со надворешна и да ги прегрнуваш градите на ту а? |
21. | Оти патиштата на човекот се пред очите на Господа, и Он ги гледа сите патеки негови. |
22. | Беззаконикот го факаат неговите сопствени беззаконија, и врските на гревот негов го држат: |
23. | тој умира без да биде поучен, и поради големото свое безумие загинува. |
← Proverbs (5/31) → |