← Proverbs (4/31) → |
1. | Слушајте ја, деца, татковата поука и внимавајте, та да се научите да ја разбирате, |
2. | зашто добар дар ви дарувам; не оставајте ја мојата заповед. |
3. | Зашто и јас бев син послушен на татка ми, и омилен на мајка ми; |
4. | и татко ми ме поучуваше и ми велеше: "Зборовите мои задржи ги во срцето твое; пази ги моите заповеди и не заборавај ги! |
5. | Здобивај се со мудрост, придобивај разум; не заборавај го тоа и не се отстранувај од зборовите на устата моја. |
6. | Не ја оставај, - и таа ке те пази, сакај ја, - и таа ке те чува. |
7. | Главно е мудроста: придобивај мудрост и за сиот свој имот придобивај разумност. |
8. | Високо цени ја, и таа ке те воздигне; таа ке те прослави, ако ја прегрнеш, |
9. | ке положи на главата твоја багодатен венец, со венец на сладост ке те закрили. |
10. | Слушај, синко, и прими ги зборовите мои, - и ке ти се умножат годините на животот. |
11. | Ти го покажувам патот на мудроста, те водам по прави патеки. |
12. | Ако одиш, нозете твои нема да се сопнат, и ако потрчаш, нема да се измориш. |
13. | Држи се здраво за поуката, не ја оставај; пази ја, бидејки таа е твојот живот. |
14. | Не оди на пат безбожнички и не оди по патот на лоши лу е; |
15. | остави го, не оди по него, отстрани се од него и заобиколи го; |
16. | зашто тие не заспиваат, ако не направат зло; и сон не ги фака, ако не доведат некого до пад; |
17. | оти тие јадат леб од беззаконие и се опиваат со вино од грабеж. |
18. | Патеката на праведните е како болскава светлина, која свети се повеке и повеке дури не настане ден. |
19. | А патот на беззакониците е како темнина; тие не знаат, од што ке се сопнат. |
20. | Синко, внимавај на зборовите мои и приближи го увото кон поуките мои; |
21. | да не остапуваат тие од твоите очи; чувај ги внатре во срцето свои: |
22. | зашто тие се живот за оние што ги нао аат, и здравје за целото тело нивно. |
23. | Од се, што е за пазење, најмногу чувај го срцето свео, зашто од него се изворите на животот. |
24. | Отфрли ја од себеси лажливата уста, а лукавството на јазикот од себеси оддалечи го. |
25. | Очите твои нека гледаат право, и клепките твои да бидат управени кон праведното. |
26. | Провери ја патеката со нозете свои, и сите патишта твои нека бидат прави. |
27. | Не скршнувај ни десно, ни лево; оддалечи ја ногата од злото. |
← Proverbs (4/31) → |