← Proverbs (31/31) |
1. | Зборовите на царот Лемуил, со кои го поучила неговата мајка. |
2. | Што, што сине на утробата моја? Тебе ти говорам, сине мој, првенец, чедо на моите молитви. |
3. | Не им го давај на жени татковството свое, ниту патиштата на оние од нив, кои цареви погубуваат. Светувај се пред на направиш нешто. |
4. | Не е за царевите, Лемуиле, не е за царевите вино да пијат, ниту за кензовите - сикер, |
5. | за да не го заборават, откако ке се опијат, законот и да ја искривуваат правдината на угнетените. |
6. | Дајте му сикре на оној што е ожалостен; вино нека пијат оние што се болни. |
7. | нека пивне тој за да ја заборави сиромаштијата своја и да не ги чувствуваат веке болките свои. |
8. | Синко, отворај ја устата своја за слава Божја и на сите суди им по правда. |
9. | Отворај ја устата своја и праведно суди, и заштитувај ги и сиромавиот и немокниот. |
10. | Кој ке најде жена добродетелна? Таа е поскапа и од најскапоцените камења. |
11. | Срцето на мажот нејзин е убедено во неа, тој нема да остане без добивка; |
12. | таа ке му прави добро на мажот свој, во сите дни од животот негов. |
13. | Набавува волна и лен, и весело работи со рацете свои. |
14. | Таа е како трговски кораб, - оддалеку си донесува храна. |
15. | Таа станува уште преку нокта и дава храна во куката своја и им определува работа на слугинките свои. |
16. | Kе помисли ли за нива, ја купува; од плодот на рацете свои си насадува лозје. |
17. | Ја препашува со сила половината своја и ги зацврстува мишките свои за работа. |
18. | Таа гледа колку е добро што работи, и светилката нејзина не се гасне ноке. |
19. | Ги протега рацете кон фурката, и прстите нејзини се факаат за вретеното. |
20. | Дланката своја му ја отвора на сиромав, и раката своја на оној, кој има нужда, му ја подава. |
21. | Не се плаши од студ за челадта своја, зашто сета челад нејзина е облечена во двојни алишта. |
22. | Таа си ткае покривачи; он висон и пурпур е нејзината облека. |
23. | Мажот нејзин е познат кај портите, кога седи со старешините на земјата. |
24. | Таа работи покривки и ги продава, на Финикијците и појаси на Хананејците. |
25. | Здравје и убавина е нејзината облека, и весело гледа на иднината. |
26. | Со мудрост ја отвора устата своја, и кротка поука има на јазикот нејзин. |
27. | Го надгледува домакинството свое и не јаде леб во леност. |
28. | Стануваат децата и ја ублажуваат, - мажот, и тој ја фали: |
29. | ‘многу жени добродетелни имало, многу од нив стекнале богатство и сила, но ти ги надмина сите.‘ |
30. | Миловидноста е примамлива и убавината - суетна; но жена, која се плаши од Господа, е достојна за пофалба. |
31. | Дајте и од плодовите на нејзините раце, и нека се прославува при мажот нејзин, при градските порти! |
← Proverbs (31/31) |