← Proverbs (30/31) → |
1. | Зборовите на Агура, син Јакеов, од Маса; негово пророштво, кажано на Итила, за Итила и Укала. |
2. | Навистина, јас сум понеук од кого и да било ме у лу ето, и во мене нема разум човечки, |
3. | Бог ме научи на премудрост и ја разбрав разумноста на светиите. |
4. | Кој се искачил на небото и слегол оттаму? Кој собрав ветар во пазувата своја? Кој врзал вода на наметката своја? Кој ги поставил сите краишта на земјата? Како му е името? И кое е името на синот негов? Знаеш ли? |
5. | Секој збор од Бога е чист; Он му е штит на оној, што се надева на Него. |
6. | Не додавај кон зборовите Негови, за да не те разобличи, и да не излезеш лажливец. |
7. | За две работи те молам; не ми откажувај пред да умрам: |
8. | суетата и лагата оддалечи ги од мене, сиромаштија и богатство не ми давај, - храни ме со насушниот леб, |
9. | та, откако ке се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: ‘Кој е Господ‘ и, откако ке осиромашам, за да не почнам да крадам и да го употребува името на мојот Бог напразно. |
10. | Не клевети го слугата пред господарот негов, за да не те проколне, и ти да останеш виновен. |
11. | Лошото чедо високо ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови! |
12. | Лошото чедо се смета за чисто, а не е измиено од нечистотиите свои. |
13. | Лошото чедо високот ги држи очите свои, и толку се кренати клепките негови! |
14. | Лошото чедо има заби како мечеви, а катниците негови се како ножеви, за да ги изедува сиромасите по земјата и немокните ме у лу ето. |
15. | Пијавицата има две керки кои велат "Дај, дај!" Има три работи ненаситни и четири што не велат "Доволно." |
16. | Тое се: пеколот и утробата неплодна, земјата, која не се наситува со вода, и огнот, кој не вели: ‘доста‘! |
17. | Око, кое му се потсмева на татка си и не сака да се покорува на мајка си, кое ке биде исколвано од долински гаврани и од орлови пилци изедено! |
18. | Тир работи се недостижни за мене, а четвртата, не ја ни разбирам: |
19. | патиштата на орелот по небото, ползењето на змијата по карпите, патеките на коработ среде море и патот на маж во младоста негова. |
20. | Таков е патот и на жена прељубница: се најала и ја избришала устата своја, па вели: ‘ништо лошо не сум направила.‘ |
21. | Од три работи се тресе земјата, а четвртата не може да ја поднесе: |
22. | од слуга, кога ке стане цар; од безумен, кога до наситување ке се најаде со храна, |
23. | од распуштена жена, кога ке се омажи, и од слугинка, кога го зазема местото на господарката своја. |
24. | Има четири мали животни на земјата, но тие се помудри и од мудреците: |
25. | мравките - во кои нема сила, но лете сепак си ја приготвуваат храната; |
26. | јазовците - иако слаби животни, но ги прават куките свои во камен; |
27. | скакулците, кои немаат цар, но излегуваат во војна сите во редови; |
28. | пајакот, кој со раце се лови, но се нао а и во царските палати. |
29. | Еве три, коишто убаво чекорат, и четвриот, кој свечено настапува: |
30. | лавот, најсилен ме у sверовите, кој нема да се врати и да се исплаши од никого; |
31. | и петелот кој надуено шета ме у кокошките; како царот ме у својот народ. |
32. | Ако гордоста те тера на безумни дела и си намислил зло, стави ја раката на устата своја. |
33. | Зашто, како кога се бие млеко, се добива масло, кога ке се удри носот, потечува крв, така и кога се предизвикува гнев, произлегува кавга. |
← Proverbs (30/31) → |