← Proverbs (3/31) → |
1. | Синко, не ја заборавај поуката Моја и срцето твое да ги чува заповедите Мои; |
2. | зашто тие ке ти придадат долги дни, години на живот и мир. |
3. | Милостиња и верата да не бидат скудни во тебе: обеси ги на вратот свој, напиши ги на плочите на срцето свое, - |
4. | па ке најдеш милост и благоволение пред очите на Бога и на лу ето. |
5. | Надевај се на Господа од се срце и не се потпирај врз твојот разум. |
6. | По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ке ти ги покаже твоите патеки. |
7. | Не се сметај за мудрец; бој се од Господа и бегај од злото: |
8. | тоа ке биде здравје за твоето тело и лек за твоите коски. |
9. | Давај му принос на Господа од имотот твој и од привините на плодовите од твоите придобивки, |
10. | та твоите житници да се исполнат до врвот, твоите бочви да се прелеваат од вино. |
11. | Не занемарувај ја, синко, казната од Господа, и да не ти е тешко од Неговото изобличување; |
12. | зашто кого Господ го сака, него и го кара, како и таткото синот свој што го љуби. |
13. | Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост, и човек, што спечалил разум; |
14. | подобро е да ја добиеме неа, отколку ризници со сребро и злато; |
15. | таа е поскапа и од скапоцените камења; ни едно зло не може да и се спротивстави; таа им е добро позната на сите, што се приближуваат кон неа, ништо, па и се што ти е мило, не може да се спореди со неа. |
16. | Во десницата нејзина е долгоденствието, а во левицата и е - богатството и честа; од устата и излегува правда; закон и милост носи на јазикот свој; |
17. | патиштата нејзини се пријатни патишта, и сите патеки нејзини се - спокојни. |
18. | таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, кои ја запазуваат. |
19. | Господ со премудрост ја основа земјата, со разум ги утврди небесата; |
20. | преку Неговата премудрост се отворија бездните, и облаците оросија со роса. |
21. | Синко, не ги испуштај од превид овие, работи; запази ја мудроста и разумот; |
22. | тие ке бидат живот за душата твоја и украс на вратот твој; ке бидат изцеление за твоето тело и лек за твоите коски. |
23. | Тогаш ке одиш без опаснот по патот свој, и ногата твоја нема да се сопне. |
24. | Коге ке легнеш да спиеш, нема да се плашиш, и кога ке заспиеш, сонот ке ти биде пријатен. |
25. | Нема да се исплашиш од ненадеен страв, ниту од напад, кој доа а од безбожниците, |
26. | бидејки Господ ке биде на сите твои патишта и ке ја запази ногата твоја од препнување. |
27. | Не откажувај да му направиш добро на оној, кој има потреба, кога раката твоја има сила да му помогне. |
28. | Не му вели на пријателот свој: "Оди си и дојди пак; утре ке ти дадам" кога си во состојба да му помогнеш, зашто не знаеш што ке роди утрешниот ден. |
29. | Не крои зло против ближниот свој, кој е придојден и кој со доверба живее при тебе. |
30. | Не се карај со човек без причина, кога не ти направи никакво зло. |
31. | не завидувај му на човек што постапува насилно, и не избирај ни - еден од патиштата негови, |
32. | зашто на Господа му е одвратен безбожникот, а близок е со праведникот. |
33. | Проклетството Господово е врз домот на нечесниот, а живеалиштето на праведникот Бог го благословува. |
34. | Над оние што се подигруваат, Он се потсмева, а на смирените им дава благодат. |
35. | Мудрите ке наследат слава, а безумните - срам. |
← Proverbs (3/31) → |