← Proverbs (29/31) → |
1. | Човек, кој, бидејки разобличуван, останува тврдоглав, неочекувано ке биде скршен, и ке нема за него лек. |
2. | Кога праведниците се умножуваат, народот се весели, а кога нечесниот господари, народот офка. |
3. | Човек, кој ја сака мудроста, го радува татка си; а кој се дружи со блудници, имотот го растура. |
4. | Царот со правда ја зајакнува земјата своја, а кој љуби поадроци, ја расипува. |
5. | Човек кој му ласка на пријателот, поставува стапица за нозете негови. |
6. | Гревот на лошиот човек е стапица за него, а праведникот ке се весели и ке се радува. |
7. | Праведниот грижливо вникнува во маката на бедните, а нечесниот не се интересира за тоа. |
8. | Развратните лу е го бунтуваат градот, а мудрите го смируваат гневот. |
9. | Умен човек, кога се суди со безумен човек, се лути ли, или се смее, - нема мир. |
10. | Крвожедните лу е го мразат непорочниот, а праведните се грижат за неговиот живот. |
11. | Безумниот го излива сиот свој гнев, а мудриот се воздржува. |
12. | Ако управителот слуша лажни зборови, тогаш и сите негови поданици се нечесни. |
13. | Сиромавиот и зајмодавецот се срекаваат еден со друг; но Господ им дава и на двајцата светлина во очите. |
14. | Ако царот им суди на сиромасите по правда, престолот негов ке се зајакне засекогаш. |
15. | Пратот и прекорот даваат мудрост; но момче, оставено без грижа, ги посрамува своите родители. |
16. | Кога се умножуваат нечесните, се умножува беззаконието; но праведните ке го видат нивното па ање. |
17. | Казнувај го синот свој, и тој ке ти даде мир и ке и донесе радост на душата твоја. |
18. | Без откровение одозгора народот е нескротлив, а кој го пази законот, блажен е. |
19. | Лошиот човек со зборови нема да се научи, зашто, и да ги разбира, не ги слуша. |
20. | Ако си видел човек брз и недомислен во зборовите свои, повеке надевај се на безумен, отколку на него. |
21. | Ако ласкаво држиш слуга од детството, подоцна ке посака да ти стане син. |
22. | Гневлив човек подига бунтови, а избувливиот многу греши. |
23. | Гордоста на човека го понизува, а смирениот по дух ке се здобие со чест. |
24. | Кој дели со крадец, ја мрази душата своја; и слуша клетви, но не ги соопштува. |
25. | Оние што се плашат и срамуваат од лу ето, ке се сопнат; а кој се надева на Господа, ке се развесели; нечесноста води кон соблазна, а кој се надева на Господа, тој ке се спаси. |
26. | Мнозина го бараат благосклоното лице на управителот, но правдата на човека е од Господа. |
27. | Неправеден човек е одвратен за праведниците, а одвратност за нечесниот е оној што оди по прав пат. |
← Proverbs (29/31) → |