← Proverbs (28/31) → |
1. | Нечесниот бега, кога никој не го гони; а праведниот е смел како лав. |
2. | Кога земјата ке отстапи од законот, тоагаш во неа има многу началници; а при разумен и вешт маж управата е долговечна. |
3. | Човекот сиромав што врши зло на слабите и исто како излеан дожд, од кој полза нема. |
4. | Отстапниците од законот ги фалат нечесните, а оние што Го бараат Господа, негодуваат против нив. |
5. | Лошите лу е не ја разбираат справедливоста, а оние, што го бараат Господа, разбираат се. |
6. | Подобро сиромав, кој оди во својата непорочност, отколку оној, што ги искривува своите патишта, макар и да е богат. |
7. | Кој го пази законот, е разумен син, а кој се дружи со расипници, го срами татка си. |
8. | Кој го умножува имотот свој преку нечесност и лихва, тој го собира за добротворецот на сиромасите. |
9. | Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна. |
10. | Кој ги упатува праведните кон патот на злото, сам ке падне во јамата своја, а непорочните ке наследат добро. |
11. | Богатиот човек се смета за мудрец, ме утоа, умен сиромав ке го разобличи. |
12. | Кога праведници победуваат, голема е славата, но кога нечесните се издигаат, лу е гинат. |
13. | Кој ги крие престапите свои, нема да напредува; а кој се освестува и ги остава, ке биде помилуван. |
14. | Блажен е оној човек, кој секогаш се бои; а кој го ожесточува срцето свое, ке падне во невоља. |
15. | Лав што рика и мечка гладна, тоа е нечесниот властодржец над беден народ. |
16. | Неразумен управител врши многу угнетувања, а кој го мрази користољубието, ке има долги дни. |
17. | Човекот, виновен за пролевање на човечка крв, бега до гроб, за да не го фати некој. Казнувај го синот твој, и ке те засака: ке ја весели твојата душа; нема нечесните да ги слуша. |
18. | Кој оди непорочно, ке биде неповреден; а кој оди по криви патишта, ке падне на еден од нив. |
19. | Кој си ја обработува земјата, ке се наситува со леб, а кој е мрзлив и не работи, ке се насити со сиромаштија. |
20. | Верен човек ке биде многу благословуван, а кој бара да се збогати, не останува без казна. |
21. | Не е добро кога некој не се срамува од праведните: таков човек и за парче леб ке изврши неправда. |
22. | Завидлив човек брза кон богатството и не мисли, дека сиромаштијата ке го стигне. |
23. | Кој разобличува човек, отпосле ке најде поголема благонаклоност, отколку оној, што му ласка со јазикот. |
24. | Кој го краде татка си и мајка си и вели: ‘тоа не е грев‘ тој им е соучесник на грабителите. |
25. | Гордиот се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ке биде спасен. |
26. | Кој се надева на себеси, безумен е; а кој постапува мудро, ке биде спасен. |
27. | Кој дава на сиромав, нема да осиромаши; а кој ги крие очите од него, ке биде проколнуван. |
28. | Кога нечесните се издигаат, лу ето се кријат, а кога па аат, праведниците се умножуваат. |
← Proverbs (28/31) → |