← Proverbs (27/31) → |
1. | Не се фали со утрешниот ден, зашто не знаеш, што ке роди тој ден. |
2. | Нека те фали друг, е не устата твоја, - ту , а не јазикот твој. |
3. | Тежок е каменот, тешка е и песокта; но гневот на безумниот е потежок и од едното - и од другото. |
4. | Лут е гневот, нескротлива е јароста; но кој ке издржи против зависта? |
5. | Подобро отоворено разобличување, отколку сокриена љубов. |
6. | Искрени се ударите од оној, кој сака, а лажливи се бакнежите од оној, кој мрази. |
7. | Сита душа го гази и восочниот мед, а на гладна душе се што е горчливо - слатко и е. |
8. | Она што е птица, која го напушта гнездото свое, тоа е човек, кој го напуштил местото свое. |
9. | Мирисот од елеј и темјанот го радуваат срцето; така сладок му станува на секого пријателот со неговиот срцечен совет. |
10. | Не напуштај го пријателот свој, ниту пријателот на таткото твој, и не му оди на братот во куката негова во денот на невољата твоја; подобро сосед во близина, токолку брат надалеку. |
11. | Биди мудар, синко, и радувај го срцето мое, - и јас ке имам што да му кажам на оној, што ме клевети. |
12. | Умниот го гледа злото и се клони од него; а неискусните одат напред и биваат казнувани. |
13. | Земи му ја облеката, зашто се заложил за ту инец; и за ту инката земи од него залог. |
14. | Кој многу го фали пријателот свој од рано утро, ке го сметаат за клеветник. |
15. | Непрестајно капење од стреа во дождлив ден и жена кавгаxика се едно исто: |
16. | кој сака да ја задржи, задржува ветар, а таа се појавува како миризлив елеј во десницата. |
17. | Железо железо остри, и човек го изострува погледот на пријателот свој. |
18. | Кој сади смоква, ке ги јаде плодовите нејзини, и кој го чува господарот свој, ке биде почитуван. |
19. | Како што е во водата лице спроти лице, така е и срцето на човека спроти човек. |
20. | Пеколот и бездната не можат да се наситат: така се ненаситни и очите човечки. Одвратен пред Господа е оној, кој дрско ги крева очите, и неразумни се, оние што имаат невоздржлив јазик. |
21. | Она што е топилницата за среброто и печката за злато, тоа се за човекот устите, што го фалат. Срцето на беззаконикот бара зло, а правото срце бара знаења. |
22. | Безумниот да го толчиш со железо во дибек заедно со зрната, - безумието нема да се оддели од него. |
23. | Добро надгледувај го добитокот свој, води грижа за стадата свои; |
24. | зашто богатството не е вечно, пак и власта - зар се е од род во род? |
25. | Тревата никнува, и зеленило се јавува, па се собираат билки горски, |
26. | Тогаш овците треба да ти бидат тебе за облека, и козите - за купување ниви; |
27. | Kе имаш доволно козјо млеко за тебе и за твоите домашни за храна и на твоите слуги за исхрана. |
← Proverbs (27/31) → |