← Proverbs (26/31) → |
1. | Како снег во летно време и дожд во време на жетва, така и честа не му прилега на безумниот. |
2. | како врапче што ке фркне, како ластовица што ке одлета, - така и незаслужена клетва нема да се збидне. |
3. | Камшик - за коњ, узда - за осел, а стап - за безумните. |
4. | Не му одговаран на безумниот според глупоста негова, за да не станеш и ти сличен на него; |
5. | но одговори му на безумниот против глупоста негова, за да не помисли оти е мудар. |
6. | Кој усно порачува на безумен, тој ги потсекува нозете свои, трпи непријатност. |
7. | Како што криват нозете на куциот, така и расказот куца во устата на безумните. |
8. | Она што е оној што клава во пракка скапоцен камен, таков е и оној, кој му прави чест на безумен. |
9. | Она што е трнлива гранка во раката на пијаница, тоа е и зборот во устата на безумните. |
10. | Силниот се врши по своја воља: и глупавиот го дарува, и секој минувач го наградува. |
11. | Како што кучето се врака на изблуеното, така и безумниот ја повторува својата глупост. |
12. | Ако си видел човек, кој што се смета за мудар, тогаш повеке надевај се на безумен, отколку на него. |
13. | Кога го испракаат мрзливиот на пат, тој вели: ‘sвер е на патот, лав има на плоштадот!‘ |
14. | Вратата се врти на куките свои, а мрзливиот - на леглото свое. |
15. | Мрзливиот ја крие раката своја во пазувата, и тешко му е да ја принесе до устата своја. |
16. | Мрзливиот се смета за помудар од седуммина, кои смислено одговараат. |
17. | Кој, минувајки, се замешува во ту а караница, фака куче за уши. |
18. | Како што разгневениот фрла оган, стрели и смрт, |
19. | таков е и човекот, кој подмолно го оштетува пријателот свој и потоа вели: ‘Јас само се пошегував.‘ |
20. | Кога нема веке дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, раздорот стивнува. |
21. | Јагленот е за жар, а дрвата - за оган, кавгаxијата, пак - кавга да разгорува. |
22. | Зборовите на оговарачот се како слатки и влегуваат внатре во утробата. |
23. | Она што е глинен сад, гле осан со сребро, такви се пламените усти и злобното срце. |
24. | Со устата своја непријателот се преправа, а во срцето подмолност крие; |
25. | кога говорои дури и со нежен глас, не верувај му, зашто во срцето негово има сеудм одвратности. |
26. | Ако омразата негова се прикрива насамо, злобата негова ке се отркие во собранието народно. |
27. | Кој копа јама, ке падне во неа, и кој тркала камен угоре, врз него ке се врати. |
28. | Лажливиот јазик ги мрази оние, што ги сопира, и устата ласкава подготвува пропаст. |
← Proverbs (26/31) → |