← Proverbs (25/31) → |
1. | И ова се мудри изреки Соломонови, што ги собраа лу ето на јудејскиот цар Езекија. |
2. | Слава за Бога е да ја вообликува секога работа со тајна, а слава за царевите е да ги истражуваат работите. |
3. | Како небото во висините и земјата во длабочините, така и срцето на царевите е неиспитливо. |
4. | Оддели ја смесата од среброто, и истата ке биде работа на златарот; |
5. | оддалечи го неправедниот од царот, и престолот негов ке се зацврсти со правда. |
6. | Не се кревај на големо пред лицето на царот и не седнувај на местото на големците; |
7. | зашто подобро е кога ке ти кажат: ‘дојде тука погоре‘, отколку кога ке те понизат пред кнезот, кога го виделе очите твои. |
8. | Она што го виделе твоите очи не брзај да го изнесеш во обвинение, зашто, што ке правиш на крајот, кога твојот противник ке те посрами? |
9. | Суди се со противникот, но ту и тајни не откривај, |
10. | за да не те прокори оној, што ке го чуе тоа, и тогаш нечесноста твоја нема да избега од тебе. Љубовта и дружбата ослободуваат: запаси ги за себеси, за да не станеш достоен за навредување; запази си ги патиштата свои добро уредени. |
11. | Уместно кажаниот збор е како златно јаболко во сребрена кошничка. |
12. | Мудриот разобличувач за внимателно уво е како златна обетка и украс од чисто злато. |
13. | Како ладен снег во време на жетва, така е верен оној пратеник, што се испрака: тој му донесува утеха за душата на својот господар. |
14. | Како облаците и ветровите без дожд, таков е човекот, кој се фали со лажливи подароци. |
15. | Во долготрпеливота е успехот на царевите, а мек јазик коски крши. |
16. | Ако најдеш мед, само јади, колку што ти треба за да не се прејадеш и да не го повратиш. |
17. | Не оди често во куката на пријателот свој, за да не му додеваш и да не те намрази. |
18. | Она што е чеканот, мечот и острата стрела, таков е човекот, кој што сведочи лажно против ближниот свој. |
19. | Она што е скршен заб и крива нога, таква е надежта на безнадежниот во злочест ден. |
20. | Она што е оној, кој соблекува облека во студен ден, она што е оцет на рана, таков е оној, кој песни пее на натажено срце. Како што молец ја повредува облеката и црвот - дрвото, така жалоста го повредува човековото срце. |
21. | Ако непријателот твој е гладен, нахрани го со леб; и ако е жеден, напој го со вода; |
22. | зашто, правејки го тоа, ти натрупуваш жар врз главата негова, и Господ ке ти воздаде. |
23. | Северниот ветер дожд донесува, а таен јазик - незадоволни лица. |
24. | Подобро да живееш во агол на покривот, отколку со жена кавгаxика во широка кука. |
25. | Она што е студената вода за измачената душа од жед, тоа е добрата вест од далечна страна. |
26. | Она што е заматен извор и растурен кладенец, тоа е праведниот кој па а пред нечесниот. |
27. | Како што не е добро да се јаде многу мед, така не е добро и да лакомиш за слава што не е слава. |
28. | Она што е разрушен град, без sидови, таков е човекот, кој не владее со духот свој. |
← Proverbs (25/31) → |