← Proverbs (24/31) → |
1. | Синко, не завидувај им на лошите лу е, и не посакувај да бидеш со нив, |
2. | зашто срцето нивно насилство намислува, и устите нивни за лошо зборуваат. |
3. | Со мудрост кука се изградува и со разум се зацврстува, |
4. | а со умешност нејзините простории се исполнуваат со секакви скапоцености и добра. |
5. | Мудриот човек е подобар од силниот, а разумниот - од оној што има голем имот. |
6. | Затоа со обмислување се води војна, а успех ке има со многу советувања. |
7. | Пред вратите на мудрите има мудрост и добра мисла; мудрите не се оддалечуваат од законот на Господа. |
8. | Кој мисли да направи зло, ке го наречат лош човек. |
9. | Безумниот умира во гревови; нечистотата негова го убива. |
10. | Ако во злочест ден си се покажал слаб, скудна ти е силата. |
11. | Спасувај ги оние што ги водат на смрт, и оние што сакаат да ги убијат, не откажувај се од нив. |
12. | Ако кажеш: ‘ете, ние не го знаевме тоа?‘ А Оној, Кој ги испитува срцата, зар не знае? Оној, Кој бдее над душата твоја, го знае тоа и ке му даде на човекот според делата негови. |
13. | Јади, синко, мед, затоа што е пријатен, и јади восочен мед, кој е сладок за грлото твое: |
14. | такво е за душата твоја и познавањето на мудроста. Ако си ја нашол, имаш иднина, а твојата надеж нема да те остави. |
15. | Не помислувај зло, безбожниче, против живеалиштето на праведниот, не опустошувај го местото на спокојство негово, |
16. | зашто седумпати ке паден праведник - и пак ке стане; а падне ли нечесен, тој изнемогнува во злото. |
17. | Немој да се радуваш, кога непријателот твој ке падне, и срцето твое да не се весели, кога тој ке се сопне. |
18. | Инаку, Господ ке види, и тоа пред очите Негови нема да биде угодно, и Он ке го оттргне од него гневот Свој. |
19. | Не лути се поради зломисленици и не завидувај им на безбожниците, |
20. | зашто лошиот нема потомство; и светилото не нечесните ке згасне. |
21. | Бој се, синко, од Господа и до царот; не востанувај ни против едниот ни против другиот, |
22. | оти неочекувано ке дојде казната од нив, - а кој е тој што ке ја предосети пропаста до нив двајцата? |
23. | Кажано е од мудрите: не е добро во судот да има пристрастност. |
24. | Кој му вели на виновниот: ‘прав си‘, него народите ке го проколнуваат, него племињата ке го мразат; |
25. | а кои разобличуваат, ке бидат сакани, и врз нив ке дојде благословот. |
26. | Во усата бакнува оној, кој изговара зборови чесни. |
27. | Уреди ги работите надвор од куката, сврши ги на нивата своја, а потоа гради го домот свој. |
28. | Не сведочи лажно против ближниот свој: зошто да лажеш со устата своја? |
29. | Не вели: ‘Како ми направи тој мене, така и јас ке му направам нему: ке му се одмаздам за навредата што ми ја нанесе.‘ |
30. | Минував покрај нивата на мрзлив човек и покрај лозје на малоумен човек: |
31. | и ете, се беше обраснато со трње, нивата беше покриена со коприва, а камената ограда негова беше урната. |
32. | И погледнав, го устремив срцето свое, погледнав и поука извлеков: |
33. | ‘малку ке поспиеш, малку ке задремеш, малку со скрстени раце, ке полежиш‘ - |
34. | и сиромаштијата ке ти дојде како брзоодец, и немаштијата твоја - како вооружен човек.‘ |
← Proverbs (24/31) → |