← Proverbs (23/31) → |
1. | Кога ке седнеш да јадеш со силен, гледај добро што има пред тебе, |
2. | и постави ограда на грлото свое, ако си лаком. |
3. | Не се занесувај од вкусните гозби негови: тие се примамлива храна. |
4. | Ако си сиромав, не настојувај да трупаш богатство; бегај од таквите мисли. |
5. | Kе ги устремиш очите кон него, о - веке го нема: тоа ке си направи криља и како орел ке летне кон небото. |
6. | Не јади леб кај завидлив човек и не се занесувај од вкусните гозби негови; |
7. | зашто какви му се мислите во душата негова, таков е и тој; ‘јади и пиј‘ ти вели, но срцето негово не е со тебе. |
8. | Залакот, што си го изел, ке го изблуеш, и убавите зборови свои напразно ке ги потрошиш. |
9. | Во ушите на безумниот не зборувај, зашто тој ке ги презре разумните зборови твои. |
10. | Не преместувај стара ме а и во нива на сираци не влегувај; |
11. | зашто нивниот Заштитник е силен; Он ке се замеша во делото нивно против тебе. |
12. | Управи го срцето свое кон учење и ушите свои - кон умни зборови. |
13. | Не оставај го детето без казна: ако го казниш со прачка, тоа нема да умре; |
14. | Kе го казниш со прачка, и ке ја спасиш душата негова од пеколот. |
15. | Синко, ако твоето срце биде мудро, и моето срце ке се радува; |
16. | ке се радуваат и моите внатрешности, кога твојата уста говори право. |
17. | Срцето твое нека не им завидува на грешниците, туку биди во сите дни свои во стравот Господов; |
18. | зашто има иднина, а твојата надеж не е загубена. |
19. | Слушај, синко, и биди мудар и управувај го срцето свое по прав пат. |
20. | Не биди ме у оние, што се опиваат со вино, ме у оние, што се презаситуваат со месо, - |
21. | зашто пијаницата, и блудникот и оној што се прејадува, ке осиромашат, а сонливоста ке ги облече во партали. |
22. | Слушај го, синко татка си свој: тој те родил; не ја занемарувај мајка си кога таа ке остарее. |
23. | Купувај вистина и не продавај мудрост, учење и разум. |
24. | Праведниот добро го воспитува синот свој; на умниот свој син, му се радува тој. |
25. | Нека ти се радуваат татко ти и мајка ти, нека се радува онаа која те родила. |
26. | Синко, дај ми го мене срцето и очите твои да ги гледаат патиштата мои, - |
27. | зашто блудницата е длабока пропаст, и ту а жена - тесен кладенец; |
28. | таа како разбојник ги пречекува и ги умножува престапниците на законот ме у лу ето. |
29. | На некого - ах, не некого -ох, не некого - кавга, на некого жал, на некого рани без причина, на некого зацрвенети очи? |
30. | На оние, што заседнуваат околу вино, кои одат да бараат вино со ароми. |
31. | не го гледај виното како се црвенее, какви се искрите во чашата, како убаво се лее; |
32. | отпосле тоа ке касне како змија и ке жилне како отровница; |
33. | очите твои ке гледаат ту и жени, и срцето твое ке почне да говори развратно; |
34. | и ти ке бидеш како заспан среде море и како задреман на врв на јарбол, |
35. | па ке речеш: "Ме биеја, не ме болеше; ме туркаа, не чувствував. Кога ке се разбудам, пак ке го барам истото." |
← Proverbs (23/31) → |