← Proverbs (21/31) → |
1. | Срцето на царот е во раката на Господа, како водните потоци: Он го насочува, каде што ке посака. |
2. | Сите патишта на човекот се прави пред очите негови; но Господ ги мери срцата. |
3. | Да ја пазиш правдата и правосудието Му е поугодно на Господа, отколку крвта од жртвите. |
4. | Горделивите очи и надуеното срце се светило на грешник, а тоа е грев. |
5. | Мислите на трудољубивите се стремат кон изобилие, а секој што пребрзува трпи немаштија. |
6. | Богатство добиено со лажлив јазик е суета, која брзо одминува кај оние што ја бараат смртта. |
7. | Насилството на нечесните ке се струполи врз нив, зашто се откажале да го прават она што е добро. |
8. | Крив е патот на развратниот човек; а на чистиот постапките му се прави. |
9. | Подобро е да живееш во агол под покривот, отколку во заедничка кука, а со жена кавгаxика. |
10. | Душата на нечесниот сака зло: во неговите очи нема да најде милост ни пријателот негов. |
11. | Кога го казнуваат подбивачот, простиот станува мудар; и кога мудриот го вразумуваат, тој се здобива со знаење. |
12. | Праведниот го набљудува срцето на нечесниот: гледа како нечесните па аат во грев. |
13. | Кој ги покрива ушите свои пред пискотот на сиромавиот за да не го слуша, и тој самиот ке пишти, - и нема да го чујат. |
14. | Таен подарот го стивнува гневот, а дар под рака - и жестоката јарост. |
15. | Да го пази правосудието е радост за праведникот и страв за оние, што вршат зло. |
16. | Човек кој скршнал од патот на разумнот, ке се насели во собранието на мртвите. |
17. | Кој сака веселби, ке осиромаши, а кој сака вино и мрс, нема да се збогати. |
18. | Нечесниот ке биде откуп за праведниот, и лукавиот - за простодушниот. |
19. | Подобро да живееш во пуста земја, отколку со жена лута и кавгаxика. |
20. | Скапоцени добра и елеј има во куката на мудриот, а безумниот човек ги растура. |
21. | Кој ја пази правдата и милоста, ке најде живот, правда и слава. |
22. | Мудриот влегува во градот на силните и ја соборува силата, на која се надевале нечесните. |
23. | Кој ја чува устата своја и јазикот свој, ја чува душата своја од зло. |
24. | На дрскиот силник - името му е потсмевач - дејствува со прекумерна дрскост. |
25. | Гладот мрзливиот го убива, зашто рацете негови откажуваат да работат. |
26. | тој секој ден гладува, а праведниот дава и не му е жал. |
27. | Жртвата на нечесните е одвратност пред Господа, зашто ја принесуваат со лукавство. |
28. | Лажниот сведок ке загине, а човек, кој говори она што знае, ке говори секогаш. |
29. | Нечесниот човек има дрско лице, а праведниот право оди по патот свој. |
30. | Нема мудрост, нема разум, нема совет - против Господа. |
31. | Коњот го подготвуаат за денот на битката, но победата е од Господа. |
← Proverbs (21/31) → |