← Proverbs (20/31) → |
1. | Виното е потсмевка, ракијата - бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен. |
2. | Заплашувањето од царот е како лавовско рикање: кој го дразни, греши против себеси. |
3. | Чест е за човекот да се воздржи од кавга; а секој неразумен се вплеткува во неа. |
4. | Мрзливиот од укори не се срамува, не се срамува ни оној, кој позајмува жито за време на жетва. |
5. | Помислите во срцето на човекот се длабоки води, но разумен човек ги исцрпува. |
6. | Мнозина го фалат човекот за милосрдноста негова, но кој нао а вистински човек? |
7. | Праведникот оди по својата непорочност: блажени се децата негови по него. |
8. | Кога цар праведен седи на престол, нему не му се противи никакво зло. |
9. | Кој може да каже: "Го очистив срцето свое, чист сум од гревот свој?" |
10. | Нееднакви терзии, нееднаква мерка, - и едното и другото се одвратност пред Господа. |
11. | Дури и дете може да се познае по работите негови: чисто ли ке биде и правилно ли ке биде поведението негово? |
12. | Уво, кое слуша, и око, кое гледа, - и едното и другото Господ го создал. |
13. | Не љуби да спиеш, за да не осиромашиш; држи ги отворени очите свои, и ке јадеш леб до наситување. |
14. | "Лошо е, лошо е," вели купувачот, а кога ке одмине, тогаш се фали. |
15. | Има злато и многу скапоцени камења, но разумната уста е поскапоцена од се. |
16. | Земи ја облеката негова, бидејки се заложил за ту човек; и за ту инка земи залог од него. |
17. | Леб, спечален со неправда, му се засладува на човека; но подоцна - устата негова со песок се наполнува. |
18. | намерите добиваат цврстина преку советување: и по советувањето водат војна. |
19. | Кој оди да оговара, открива тајна, и кој широко ја отвора устата своја, со него не се здружувај. |
20. | Кој зборува лошо за татка си и мајка си, зениците на очите негови ке згаснат среде длабока темнина. |
21. | Налседство, што се добива уште во почетокот, набрзина, нема да биде благословено отпосле. |
22. | Не вели: "Kе му се одмаздам на непријателот", туку остави на Господа, Он ке ти помогне. |
23. | Двојни мерки се одвратност пред Господа; и неточни мерки не се добри пред Господа. |
24. | Стапките на човекот се определуваат од Господа; тогаш, како човекот може да го дознае патот свој? |
25. | Стапица е за човекот набрзина да вети жртва, а по жртвата да се кае. |
26. | Мудар цар ги распознава нечесните и го свртува врз нив тркалото. |
27. | Господово светло е човечкиот дух, кој ги испитува сите длабочини на срцето. |
28. | Милоста и вистината го запазуваат царот, и со милост тој го одржува престолот свој. |
29. | Слава за младите е нивната сила, а украс за старците - е нивната бела коса. |
30. | Раните од борбата се лек против злото, исто така и ударите, што стигнуваат до внатрешноста на утробата. |
← Proverbs (20/31) → |