← Proverbs (2/31) → |
1. | Синко, ако ги примиш зборовите на Моите заповеди, и ги зачуваш во себеси, |
2. | ако увото твое внимателно ја слуша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување, ако со нив го поучиш синот твој; |
3. | ако ги повикаш знаењето и разумот; |
4. | ако ги бараш како сребро и ги истражуваш како ризница, - |
5. | ке го разбереш стравот Господов и ке го најдеш знаењето за Бога. |
6. | Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доа а знаењето и разумот; |
7. | Он го зачувува за праведните спасението; Он е штит за оние што одат непорочно; |
8. | Он ги чува патиштата на правдата и ја брани патеката на оние, кои Го почитуваат. |
9. | Тогаш ке ги разбереш правдата и правосудието, правината и секој добар пат. |
10. | Кога мудрост ке влезе во срцето твое, и знаењето ке и биде пријатно на душата твоја, |
11. | тогаш расудувањето ке те брани, разумот ке те чува, |
12. | за да те спаси од лош пат, од човек, кој говори лага, |
13. | од оние, што ги напуштиле патиштата на правдата, за да одат по пат не темнината; |
14. | од оние, што се радуваат, вршејки зло, кои се восхитуваат на расипаност, |
15. | чии патишта се криви, и кои талкаат далеку од правиот пат; |
16. | за да те спаси од жената на друг, од ту а, која ги засладува зборовите свои, |
17. | која го остава пријателот на младоста своја, и која го заборава заветот на својот Бог. |
18. | Домот нејзин води кон смрт, и патеките нејзини - кон пеколот; |
19. | никој од влезените при неа не се врака никогаш и не стапнува на патот кон животот. |
20. | Затоа оди по патот на добрите и придржувај се за патеките на праведните, |
21. | зашто праведните ке живеат на земјата, и непорочните ке опстанат на неа; |
22. | а беззакониците ке бидат истребени од земјата, и вероломните - искоренети од неа. |
← Proverbs (2/31) → |