← Proverbs (19/31) → |
1. | Подобро сиромав, кој оди во својата неопрочност, отколку богат со лажлива уста, притоа и глупав. |
2. | Не и е добро на душата без знаење; а кој брза со нозете, се сопнува. |
3. | Глупавоста на човекот му го искривува патот негов, а срцето негово негодува против Господа. |
4. | Богатството собира многу пријатели, а сиромавиот го напушта и пријателот негов. |
5. | Лажниот сведок нема да остане неказнет, и кој говори лага, нема да се спаси. |
6. | Мнозина им се умилкуваат на големците, и секој му е пријател на човекот, кој дава подароци. |
7. | Сиромавиот го мразат сите негови брака, а уште повеке се оддалечуваат од него пријателите: трчка по нив, за да проговори - но нив ги нема. |
8. | Кој се здобива со разум, ја сака душата своја; кој ја пази мудроста, нао а добро. |
9. | Лажниот сведок нема да остане неказнет, а кој говори лага ке загине. |
10. | На безумниот не му прилега раскош, уште помалку на слуга - да господари над кнезови. |
11. | Благоразумноста го прави човекот бавен на гнев, и за него е чест да биде снисходлив кон грешките. |
12. | Гневот на царот е како лавовско рикање, а љубовта негова - како роса по трева. |
13. | Безумен син е пропаст за татка си, и жена кавгаxика е како незапирлива капка од стреа. |
14. | Куката и имотот се наследуваат од родителите, а разумна жена е дар од Господа. |
15. | Мрзливоста тоне во сон, е немарна душа трпи глад. |
16. | Кој пази запоевд, ја запазува душата своја, а кој не се грижи за своите патишта, ке загине. |
17. | Кој прави добро на сиромав, заем Му дава на Господа, и Он ке му плати за неговата добрина. |
18. | Казни го сина си, додека има надеж, и не се возбудувај од викањето негово. |
19. | Гневниот нека трпи казна, зашто ако го пожалиш, ке треба да го казниш уште повеке. |
20. | Слушај го, синко, советот на таткото твој, за да станеш потоа мудар. |
21. | Во срцето на човекот има многу мисли, но се извршува само определената од Господа. |
22. | Радост за човека е неговата милостиња; сиромавиот е подобар праведник од лажливиот богаташ. |
23. | Стравот Господен води кон живот, и кој го има, секогаш ке биде задоволен, и зло нема да го снајде. |
24. | Мрзливиот ја крие раката во пазувата своја и не сака да ја подигне до устата своја. |
25. | Ако го казниш оној што се потсмева, и простиот ке стане разумен; и ако му укажеш на разумниот, тој ке ја разбере поуката. |
26. | Кој го упропастува татка си и ја набркува мајка си, син е бесрамен и нечесен. |
27. | Немој, синко, да слушаш совети што те отстрануваат од зборовите на разумни. |
28. | Лукавиот сведок се потсмева со судот, и устата на беззакониците голта неправда. |
29. | Готови се судовите за невоздржливи, и ударите за телото на безумните. |
← Proverbs (19/31) → |