← Proverbs (18/31) → |
1. | Тврдоглавиот се управува според своите желби и станува против се што е умно. |
2. | Безумниот не сака знаење; него глупоста го води. |
3. | Со доа ањето на нечесниот доа а и презирот, а со прекорот - доа а и срамот |
4. | Зборовите на човечката уста се длабоки води; тоа е река од изворот на животот. |
5. | Не е добро да бидеше лицемерен кон нечесниот, за да го собориш праведниот во судот. |
6. | Устата на безумниот води кон кавга, а зборовите негови предизвикуваат смрт. |
7. | Јазикот на безумниот е погибел за него, а усните негови се стапица за душата негова. |
8. | Зборовите на клеветникот се како слатки, и тие вегуваат внатре во утробата. |
9. | Немарниот во работата своја е брат на расипникот. |
10. | Името на Господа е цврста кула: ако во неа побегне праведник, во безопасност е. |
11. | Имотот на богат човек е како силен град и во мислите му е како висока ограда. |
12. | Пред па ање срцето на човекот се возгордува, а смиреноста оди пред славата. |
13. | Кој дава одговор пред да ислуша, безумен е, тоа е срам за него. |
14. | Духот на човекот го поткрепува во немок, а скршен дух - кој може да поткрепи? |
15. | Срцето на разумнитот се здобива со знаење, и увото на мудрите бара знаење. |
16. | Подарокот, што го дава човекот, му отвора пат и до големците го доведува. |
17. | Првиот по тужбата си е прав, но доа а противникот негов и го порекнува. |
18. | Жребот прекинува расправии и решава спор ме у силните. |
19. | Кога брат, братот свој го помага, тоа е силен град, а тој е како силна тврдина. |
20. | Од плодот на устата на човекот се полни стомакот негов; од плодовите на устата своја тој се наситува. |
21. | Смртта и животот му се потчинети на јазикот, и оние што го владеат, ке вкусат од плодовите негови. |
22. | Кој нашитл добра жена, нашол добро и добил благодат од Господа. Кој избркува добра жена, го брка доброто, а кој поддржува прељубница, безумен е и нечесен. |
23. | Сиромавиот говори со молба, а богатиот одговара остро. |
24. | Кој сака да има пријатели, и сам треба да биде дружељубив; зашто има пријатели поприврзани од брат. |
← Proverbs (18/31) → |