← Proverbs (17/31) → |
1. | Подобро сув залак и со него мир, отколку кука полна со заклан добиток, но во раздор. |
2. | Разумен слуга господари над развратник и со браката ке го подели наследството. |
3. | Топилницата е за сребро, печката - за злато, а срцата Господ ги испитува. |
4. | Лош човек се вслушува во беззакона уста; праведникот лажлива уста не слуша. |
5. | Кој се подбива со сиромав, Создателот Му го навредува; кој се радува на зло, нема да остане неказнет, а милосрдниот ке биде помилуван. |
6. | Синовите на синовите се венец на старите, а слава за децата се родителите ниви. Во верникот има огромно богатство, а во неверниот нема ни пара. |
7. | На безумен умен збор не му прилега, уште повеке на големец - лажлива уста. |
8. | Дарот е скапоцен камен во очите на оној што го има: каде и да се сврти ке успее. |
9. | Кој ги покрива престапите, бара љубов, а кој одново напомнува за нив, оддалечува дури и пријател. |
10. | Врз разумниот посилно дејствува прекорот, безумниот - и кога го бијат не чувствува. |
11. | Будалиот бара само зло, затоа жесток ангел ке биде испратен против него. |
12. | Подобро човек на сретне мечка, чии мечиња се грабнати, отколку безумен во неговото безумство. |
13. | Кој врака зло за добро, злото нема да ја напушти куката негова. |
14. | Почеток на караницата е како кога водна брана се отвара: отстапи од караницата пред да се разгори. |
15. | Кој оправдува нечесен и кој обвинува праведен - и обајцата се одвратност пред Господа. |
16. | Што ке му се пари во рацете на безумен? За да купи мудрост, но тој нема разум. Кој си прави висока кука, бара да се сотре, а кој се остранува од учењето, запа а во беда. |
17. | Пријателот сака во секое време и како брат ке се јави во време на невоља. |
18. | Малоумен човек дава рака и се залага за ближниот свој. |
19. | Кој сака караници, го сака гревот, и кој високо ја издига вратата своја, бара да падне. |
20. | Подмолно срце нема да најде добро, и лукав јазик ке западне во беда. |
21. | За таткото на безумен нема радост, а разумниот син ја весели својата мајка. |
22. | Веселото срце е како лек благотворно, а паднатиот дух коски суши. |
23. | Не се прави патиштата на нечесните што земаат подароци; нечесните го искривуваат патот на правосудието. |
24. | Мудроста е пред лицето на разумниот, а очите на безумниот се на крајот од земјата. |
25. | Безумен син е мака за таткото и огорчување за мајката. |
26. | Не е добро да го казнуваш правиот, ниту кнезовите да го бијат оној што исправно работи. |
27. | Разумниот е воздржан во зборовите свои, трпеливиот е подобар од оној што бара знаење. |
28. | И безумниот кога молчи за мудар го сметаат, и кој ја затвара устата своја - за разумен го сметаат. |
← Proverbs (17/31) → |