← Proverbs (16/31) → |
1. | Човекот размислува во срцето свое, но одговорот на јазикот е од Господа. |
2. | Сите дела на смирениот му изгледаат дека се исправни, но Господ ги мери душите. |
3. | Предај ги делата свои на Господа, и твоите намери ке се исполнат. |
4. | Господ направи се со определена цел, и за нечесниот - злочест ден. |
5. | Секој горделив по срце е одвратност пред Господа: можеш да потврдиш, дека тој нема да остане неказнет. Почетокот на добриот пат е - да се врши правда; тоа е поугодно пред Бога, отколку да се принесуваат жртви. Кој Го бара Господа, ке најде знаење со правда; оние што навистина Го бараат, ке најдат мир. |
6. | Со милосрдност и правда грев се исчистува, и со страв Господов зло се отстранува. |
7. | Кој го бара Господа - тој добива разумност и праведност. |
8. | Кој што бара правда - тој ке добие спокој. |
9. | Сите дела Господови се добри, а нечесниот - лош ден го очекува. |
10. | Во устата на царот има вдахновено слово; неговата уста не смее да греши на суд. |
11. | Точните мерила и тасовите се од Господа; од него се и сите точни мерки. |
12. | Незаконско дела е одвратно за царевите, зашто со правда престолот се зајкнува. |
13. | Спреведлива уста на царот му е пријатна, и Господ го сака оној, што ја кажува вистината. |
14. | Царевиот гнев е гласник на смртта; но мудар човек ке го смилостиви царот. |
15. | Во светлиот поглед на царот има живот, и неговото благоволение е облак со задоцнет дожд. |
16. | Да се здобиеш со мудрост е многу подобро, отколку со злато, и да се здобиеш со разум е повеке за предпочитување отколку одбрано сребро. |
17. | Патот на праведните е отстранување од злото: патиштата на праведните водат кон долг живот; кои примаат поука - добрини ке видат, а кои примаат прекори - помудри ке бидат; кој ги пази своите патишта - душата своја ке ја запази; кој го сака животот свој - тој внимава што зборува. |
18. | Пред погибел гордоста врви, и пред па ање - надуеноста. |
19. | Подобро е да се смируваш во духот со кротки, отколку да делиш грабеж со горделиви. |
20. | Кој ја води разумно работата своја, добро ке најде, и кој се надева на Господа, блажен е. |
21. | Мудрите по срце, разумни ке ги наречат, и слаткиот збор го зголемува знаењето. |
22. | Разумот за оние, што го имаат, е извор на животот, а ученоста на безумниот е зло. |
23. | Срцето на мудриот го прави јазикот негов мудар, разумнот се пројавува и во устата негова. |
24. | Пријатни зборови се восочен мед: за душата слатки, а за коските лековити. |
25. | Има патишта, кои на човекот му изгледаат прави, но крајот им е пат кон смртта. |
26. | Кој се труди, се труди за себеси, зашто кон тоа устата го упатува; подмолниот во својата уста ја носи својата пропаст. |
27. | Лукав човек зло на себеси прави, во устата своја - оган разгорува. |
28. | Подмолен човек сее раздор, и клеветник пријатели разделува. |
29. | Насилник човек го мами својот ближен и го води кон лош пат; |
30. | замижува со очите, за да измисли подмолност: прекасувајки си ги усните, извршува зло; тој е оган од злоба. |
31. | Староста е венец на славата, таа води по патот на правдата. |
32. | Долготрпеливиот е подобар од храбриот, и кој владее со себеси, подобар е и од завојувачот на градови. |
33. | Жреб се фрла во скут, но се што решава тој, од Господа е. |
← Proverbs (16/31) → |