← Proverbs (15/31) → |
1. | Гневот и разумни погубува. Кроткиот одговор гневот го ублажува, а навредлив збор јарост предизвикува. |
2. | На мудрите јазикот добри знаења искажува, а на безумните устата глупост им објавува. |
3. | Очите Господови се на секое место: тие ги гледаат лошите и добрите. |
4. | Кроток јазик е дрво на животот, кој го запазува - ке се исполни со дух. |
5. | Безумниот се подбива со татковата поука; а кој слуша изоблучувања, благоразумен е. Во многу правда име голема сила, а нечесните ке бидат искоренети од земјата. |
6. | Во куката на праведникот - обилни ризници, а имотот на нечесниот - пропа а. |
7. | Устите на мудрите знаење сеат, но срцето на безумните не постапува така. |
8. | Жртвата на нечесните е одвратност пред Господа, а одговорите на праведните Му се благоугодни. |
9. | На нечесниот патот е одвратност пред Господа, а кој ја бара правдата, Он го сака него. |
10. | Казната на добриот сите ја гледаат, а кој го мрази изобличувањето - срамно завршува. |
11. | Пеколот и пропаста се откриени пред Господа, а како ли нема да бидат - срцата на синовите човечки? |
12. | Развратникот не ги сака оние, што го прекоруваат, тој не разговара со мудрите. |
13. | Весело срце го прави лицето весело, а при срдечна жалост - тоа е натажено. |
14. | На разумен срцето бара знаење, а устите на безумните со зло се хранат. |
15. | На измамник сите дни му се тажни; а на кого срцето му е весело, во него секогаш има гозба. |
16. | Подобро малку, но со страв Господов, отколку голема ризница, и со неа немир. |
17. | Подобро јадење од зеленчук, и со него љубов, отколку угоени телиња, и со нив омраза. |
18. | Избувлив човек расправии крева, а трпеливиот расправии смирува. Трпеливиот караници смирува, а нечесниот ги разгорува. |
19. | Патот на мрзливиот е послан со трње, а патот на праведниот е чист. |
20. | Мудар син го радува татка си, а безумниот - ја ожесточува мајка си. |
21. | На малоумниот безумни му се патеките, а разумен човек оди по правиот пат. |
22. | Без советување намерите се расутраат, а при многу советници тие успеваат. |
23. | Безумниот не слуша добар совет, а и не советува она што е добро за сите. |
24. | Мудриот размислува за патот на животот, за да се отстрани од патот што води во пеколот и да се спаси. |
25. | Господ ке го сотре домот на гордите, а ме ата на вдовицата ке ја зајакне. |
26. | Помислите на лошите се одвратни пред Господа, а зборовите на непорочните Му се угодни. |
27. | Лакомиот ке го растури својот дом, а оној, кој мрази подароци, ке живее; со милостиња и чесност гревовите се чистат, а стравот од Господа запазува од гревот. |
28. | Срцето на праведниот се поучува од верата, а устата на нечесните исфрла зло. Пријатни се пред Господа патиштата на праведните; преку нив и непријателите стануваат пријатели. |
29. | Господ е далеку од нечесните, но ја слуша молитвата на праведните. |
30. | Светол поглед срце радува, добра вест коски храни. |
31. | Кој го слуша учењето на животот, ме у мудри ке живее. |
32. | Кој ја отфрла поуката, ја мрази душата своја; а кој слуша изобличување, тој ја сака душата своја. |
33. | Стравот Господов учи на мудрост, а пред славата оди смиреноста. |
← Proverbs (15/31) → |