← Proverbs (14/31) → |
1. | Мудра жена си ја уредува куката, а глупавата ја урива со рацете свои. |
2. | Кој оди по прав пат, се плаши од Господа; на кого патиштата му се криви, тој не мисли за Него. |
3. | Во устата на безбожникот се камшикот на гордоста; а мудрите ги запазува нивната уста. |
4. | Каде што нема волови, јаслите се празни; а од силата на воловите има изобилно жито. |
5. | Верен сведок не лаже, а лажливиот сведок шири многу лаги. |
6. | Развратникот бара мудрост, и не ја нао а; а разумниот до знаењето лесно доа а. |
7. | Бегај од безумен човек, кај кого не забележуваш разумна уста. |
8. | Мудроста на разумниот е да го знае патот свој, а безумноста на безрасудните е заблуда. |
9. | Домовите на беззакониците треба да се чистат, а домовите на праведните се чисти и пријатни. |
10. | Срцето ја знае тагата на душата своја, и ту не се мека во радоста негова. |
11. | Куките на беззакониците ке се сотрат, а живеалиштата на праведните ке опстојат. |
12. | Има патишта, кои на човека му изгледаат прави, но крајот нивни води до дното на пеколот. |
13. | И при смеа понекогаш срцето боли, а по радоста настаува тага. |
14. | Човек со развратно срце ке се насити од своите патишта, но добриот - си оди по правите. |
15. | Неразумниот верува на секој збор, а благоразумниот е внимателен на своите чекори. |
16. | Мудриот бега од злото, а неразумниот се надева во себе и со беззаконици се дружи. |
17. | Избувливиот човек не слуша совет, а пакосниот е омразен. |
18. | Безумните се исполнуваат со злоба, а благоразумните се укразуваат со венец. |
19. | Лошите ке се приклонат пред добрите, а нечесните - служат пред вратите на праведникот. |
20. | Сиромавиот го мразат дури и неговите блиски, а богатиот има многу пријатели. |
21. | Греши оној што го презира сиромавиот, а блажен е оној што е милосрден кон сиромасите. |
22. | Нели се заблудуваат оние, што кројат зло? Не знаат милост и верност, кои вршат зло; но милост и верност има кај оние што мислат добро. |
23. | Од секој труд има изобилен плод, а празните зборови и негрижата водат кон скудност. |
24. | Венец на мудрите е богатството нивно, а животот на безумните е само зло. |
25. | Верен сведок души спасува, а лажливиот лаги измислува. |
26. | Во стравот пред Господа има голема надеж, и на чедата Свои Он им е прибежиште. |
27. | Стравот Господов е извор на животот, извор што оддалечува од мрежите на смртта. |
28. | Во многуброен народ е величието на царот, а кога нема народ - пропаст е за господарот. |
29. | Кај трпеливиот човек разум има многу, а лутиот полн е со глупости. |
30. | Кроткото срце е живот за телото, а зависта е гнилеж за коските. |
31. | Кој притеснува сиромав, го навредува неговиот Создател, а кој Го почитува Создателот, му прави добро на оној што е во нужда. |
32. | За своето зло нечесниот ке биде отфрлен, а праведниот и при смртта ке има надеж. |
33. | Мудроста почива во срцето на разумниот, а во срцето на безумниот не се јавува. |
34. | Правдата подига народ, а беззаконието ги срамоти племињата. |
35. | На царот мил му е разумниот слуга, а се разгневува против оној, кој го посрамува. |
← Proverbs (14/31) → |