← Proverbs (13/31) → |
1. | Мудар син слуша татковата поука, а непослушниот не го слуша прекорот. |
2. | Од плодот на устата своја човекот ке вкуси добро, а душата на беззаконикот ке загине предвреме. |
3. | Кој ја чува устата своја, тој ја чува душата своја; а кој широко ја отора устата своја, тешко нему. |
4. | Душата на мрзливиот посакува, но напразно; а душата на работливиот ке се насити. |
5. | Праведниот го мрази лажливиот збор, а нечесниот се срами и нема смелост. |
6. | Правдата го чува непорочниот, а нечеснотса го погубува грешникот. |
7. | Некој се покажува богат, а нема ништо; друг се прикажжува за сиромав, а има големо богатство. |
8. | Со богатство човек го искупува животот свој, а сиромавиот и заплашувањето не го слуша. |
9. | Светлината на праведниците свети секогаш, а светилото на нечесните згаснува. |
10. | Од гордоста произлегува спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува. |
11. | Богатството, спечалено со беззаконие, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува. |
12. | Надежта, долго неостварена, го изнемоштува срцето, а исполнета желба е како дрво на животот. |
13. | Кој не води грижа за словото, тој си штети, а кој се бои од заповедта, нему ке му се даде. |
14. | Учењето на мудриот е извор на животот, кој го оддалчува од мрежите на смртта. |
15. | Добриот разум донесува пријатност, а патот на беззаконицте, води во пропаст. |
16. | Секој благоразумен работи со знаење, а глупавиот се истакнува со глупости. |
17. | Лош гласник па а во беда, а верен гласник е спасение. |
18. | Немаштија е срам за оној, што го отфрла учењето; а оној, кој ја пази поуката, ке се прослави. |
19. | Изполента желба е пријатна за душата, но на глупавите им е тешко да го одбегнуваат злото. |
20. | Кој се состанува со мудри, мудар ке биде; а кој другарува со безумни, глупав ке биде. |
21. | Грешниците злото ги гони, а на праведниците им се врака добро. |
22. | Добриот остава наследство и на внуци, а богатството на грешникот се чува за праведните. |
23. | Праведните имаат богатство многу години, неправедните бргу го загубуваат. |
24. | Кој ја жали прачката своја, го мрази синот свој; а кој го сака, го казнува за да го поправи. |
25. | Праведникот јаде до наситување, а стомакот на беззакониците трпи од недостиг. |
← Proverbs (13/31) → |