← Proverbs (12/31) → |
1. | Кој ја сака поуката, го сака и знаењето; а кој го мрази изобличувањето - неразумен е. |
2. | Добриот добива благодат од Господа, а на подмолниот Он ке му суди. |
3. | Човек нема да се зацврсти со беззаконие; а коренот на праведните е неподвижен. |
4. | Добродетелна жена е венец за мажот свој, а онаа, што го срамоти, е како гнилеж во коските негови. |
5. | Помислете на праведните се правда, а плановите на нечестивите - подмолност. |
6. | Зборовите на нечестивите се заседа за пролевање крв, а устата на праведните ги спасува. |
7. | Каде и да се свртат нечестивите - исчезнуваат, а домот на праведните останува. |
8. | Човекот го фалат според разумот негов, а развратниот по срце ке биде презрен. |
9. | Подобро и прост, но да работиш за себеси, отколку да се фалиш, а да немаш леб. |
10. | Праведникот се грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на грешникот е жестоко. |
11. | Кој ја обработува земјата своја ке се наситува со леб; а кој оди по стапките на безработниците, е малоумен. Кому му е драго да губи време по вино, тој ке остави во куката своја безчестие. |
12. | Желбите на грешниците се зли; но корењата на праведниците се силни. |
13. | Нечесниот се фака во мрежа преку гревовите на устата своја; но праведниот ке се спаси од неа. Кој гледа кротко, ке биде помилуван, а кој оди кон вратата, стеснува други. |
14. | Од плодот на устата своја човекот се наситува добро, и на човека му се дава според делата на рацете негови. |
15. | Патот на неразумниот му се чини прав во неговите очи; но кој слуша совет, тој е мудар. |
16. | Глупавиот веднаш ке го покаже гревот свој, а благоразумниот го покрива срамот. |
17. | Кој го кажува она, што го знае, тој говори правда, а лажниот сведок, говори измама. |
18. | Празнословецот ранува како меч, а јазикот на мудрите исцелува. |
19. | Праведната уста сведочи право, а лажливиот јазик е брз за измама. |
20. | Во срцето на оние што мислат зло, има подмолност, а кај миротворците - радост. |
21. | Праведниот нема да го достаса никакво зло, а нечесните ке бидат преполни со зло. |
22. | Лажливата уста е одвратност пред Господа, а којшто говори вистина, благоугоден Му е Нему. |
23. | Расудлив човек го прикрива знаењето свое, а срцето на глупавите ја разгласува својата лудост. |
24. | Раката на избраните ке господари, а на лажливите ке биде во плен. |
25. | Тагата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го развеселува. |
26. | Праведниот му го покажува патот на ближниот свој, а патот на нечесните ги води во заблуда. |
27. | Мрзливиот својот лов не го пече; а трудољубивоста е големо богатство. |
28. | По патот на правдата има живот, а во нејзината патека нема смрт. |
← Proverbs (12/31) → |