← Proverbs (10/31) → |
1. | Мудар син го радува татка си, а безумниот син е тага на мајка си. |
2. | Беззакони ризници не донесуваат полза, а правдата од смрт спасува. |
3. | Господ не допушта да гладува душата на праведникот, но на безбожниците го одзема. |
4. | Мрзливата рака донесува сиромаштија, а раката на работливиот збогатува. |
5. | Кој собира преку летото, е разумен син, а кој спие за време на жетвата, е неразумен син. |
6. | Благослов почива врз главата на праведниот, а насилство им ја затвора устата на беззакониците. |
7. | Споменот за праведниот ке биде благословен, а името на нечестивите ке биде проколнато. |
8. | Мудриот по срце прима заповеди, а неразумниот, кој брбори, ке се сопне. |
9. | Кој оди во непорочност, оди без страв; а кој ги искрувува патиштата свои, ке биде казнет. |
10. | Онаа што намигнува со очите, го срамоти мажот свој, а кој глупаво зборува - пропа а. |
11. | Устата на праведникот е извор на животот, а насилството им ја затвора устата на беззакониците. |
12. | Омразата предизвикува раздори, а љубовта ги покрива сите гревови. |
13. | Во устата на разумниот има мудрост, а за грбот на глупавиот - стап. |
14. | Мудрите го чуваат знаењето, а устата на глупавиот е близу до смртта. |
15. | Имотот на богатиот е негов утврден град, а пропаст за бедните е нивната сиромаштија. |
16. | Трудот на праведникот води кон живот, успехот на нечестивиот - кон грев. |
17. | Кој ја пази поуката, тој е на патот кон животот; а кој го отфрла разобличувањето - талка. |
18. | Којшто крие омраза, има лажлива уста; а кој шири клетви, е глупав. |
19. | При многу зборување не се избегнува гревот, а разумен ке бидеш ако ја воздржуваш устата своја. |
20. | Јазикот на праведниот е одбрано сребро, а срцето на нечестивите - нема вредност. |
21. | Устата на праведниот поучува мнозина, а глупавите умираат од недостиг на разум. |
22. | Благословот Господов - збогатува, и не донесува со себеси тага во срцето. |
23. | Глупавиот со веселба го прави она што е престапно, а на разумниот човек мудроста му е својствена. |
24. | Од она од што се плаши нечестивиот, тоа ке го снајде, а желбата на праведниците ке се исполни. |
25. | Како што виорот минува, така и нечестивиот ке исчезне; а праведникот е врз вечни основи. |
26. | Она што е јагуридата за забите и димот за очите, таков е и мрзливиот за оние што пракаат. |
27. | Стравот Господов додава денови, а годините на нечестивите ке се скратат. |
28. | Очекувањето на праведниците е радост, а наджта на нечестивите ке загине. |
29. | Патот Господов е крепост за непорочниот, а пропаст за оние, што вршат беззаконие. |
30. | Праведниот нема да се поколеба никогаш, а лошите нема да ја населат земјата. |
31. | Од устата на праведникот тече мудрост, а злоштетникот јазик ке биде пресечен. |
32. | Устата на праведникот го познава благопријатното, устата на нечеситвите - развратното. |
← Proverbs (10/31) → |