Proverbs (1/31) → |
1. | Изреки Соломонови, син Давидов, цар израилски, |
2. | за да се познае мудроста и поуката, за да се разберат изреките на разумот; |
3. | за да се усвојат правилата на благоразумието, правосудието, судот и правината; |
4. | да им се даде на простите разумност, на младите - знаење и расудување. |
5. | Ако мудриот слуша, ке ги умножи знаењата свои, и разумниот ке најде мудри совети, |
6. | за да разбира мудра изрека и длабок збор, зборовите на мудреците и нивните гатанки. |
7. | Почеток на мудроста е стравот Господов; добро разбираат сите, што се раководат од него; а послушноста кон Бога е почеток на разбирањето; само глупавите ги презираат мурдоста и поуката. |
8. | Слушај ја, синко, поуката на татка си и не отфрлај заветот на мајка си. |
9. | зашто тоа е красен венец за главата твоја и украс за вратот твој. |
10. | Синко, ако те мамат грешници, не попуштај; |
11. | ако кажат: "Дојди со нас, да направиме заседа за убиство, да го пречекаме непорочниот без вина, |
12. | жив да го голтнеме, како што голта пеколот, и цел како оној што слегува во гроб; |
13. | да си натрупаме секаков скапоцен имот, да ги наполниме куките наши со плен; |
14. | ти ке фрлаш жреб заедно со нас, една торба ке има за сите нас." |
15. | Синко, не оди на пат со нив, задржи си ја ногата од патеките нивни, |
16. | зашто нозете нивни трчаат кон злото и брзаат крв да пролеваат; |
17. | напразно се распнува мрежа пред птици. |
18. | Но тие прават заседа против крвта своја, демнат против душите свои. |
19. | Такви се патиштата на секого, кој е алчен на ту имот: тоа му го одзема животот на оној, што го заграбил. |
20. | Премудроста говори високо на улицата, го крева гласот свој по плоштадите, |
21. | проповедта во главните места на собирите, при влезовите на градските порти смело говори: |
22. | "До кога, незналци, ке го сакате незнаењето? До кога бујните ке се насладуваат со бујноста? До кога глупавите ке го мразат знаењето? |
23. | Обрнете се кон Моите изобличувања; еве, Јас Го ке излеам Духот Свој врз вас, ке ви ги кажам зборовите Свои. |
24. | Јас викав, а вие не послушавте; изговарав зборови, но вие не внимававте; |
25. | вие ги отфрливте Моите совети, но внимававте кога ве изобличував. |
26. | Затоа ке се насмеам на вашата погибел; ке се зарадувам на вашата погубност, |
27. | кога ке ве нападне ужас како бура, и зло како виор ке мине над вас, кога ке ве снајде невоља и уривање на градовите и кога ке дојде пропаста. |
28. | Тогаш ке Ме викаат, но Јас нема да чујам; ке Ме бараат лошите и нема да Ме најдат. |
29. | Затоа што го намразија знаењето и не го примија стравот Господов; |
30. | затоа што не го примија Мојот совет и ги презреа Моите разобличувања. |
31. | Поради тоа тие ке јадат од плодовите на своите патишта и ке се наситуваат од своите лоши замисли. |
32. | Зашто неразумните ке ги убие нивната упорност, а глупавите ке ги погуби нивната негрижа; |
33. | но кој Мене Ме слуша, ке дживее безопасно и спокојно, не плашејки се од злото. |
Proverbs (1/31) → |