← Philippians (4/4) |
1. | Затоа, мили и многу сакани мои браќа за кои копнеам, моја радост и мој венец, стојте така цврсто во Господ, мили мои! |
2. | Ја преколнувам Еводија и ја преколнувам Синтихија да бидат едномислени во Господ. |
3. | Сепак, те молам и тебе, верен другару, помагај им, зашто со мене се трудеа за Евангелието, заедно со Климент и со другите мои соработници, чии имиња се во Книгата на животот. |
4. | Радувајте се секогаш во Господ и пак ќе кажам, радувајте се! |
5. | Bашата трпеливост нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу. |
6. | Не грижете се за ништо, туку во сè, преку молитва и благодарност, искажувајте ги своите барања пред Бог! |
7. | А Божјиот мир, што го надминува секое разбирање, ќе ги штити вашите срца и вашите мисли во Христос Исус. |
8. | Најпосле, браќа, сè што е вистинито, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е на добар глас - ако е некаква доблест, ако е некаква пофалба - размислувајте за тоа! |
9. | Она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене - тоа правете го, и Бог на мирот ќе биде со вас! |
10. | Се зарадував многу во Господ, зашто сега најпосле ја оживеавте својата грижа за мене. Bие и инаку се грижевте, но немавте можност. |
11. | Не го зборувам тоа заради скудност, зашто научив да бидам задоволен во секакви околности. |
12. | Знам да живеам и во скудност, знам и во изобилство. Ја научив тајната да бидам сит и да гладувам во секакви околности; да сум во изобилство и во скудност. |
13. | Сè можам преку Христос, Кој ми дава сила. |
14. | Туку добро направивте што зедовте учество во моите неволи. |
15. | А знаете и вие, Вилипјани, дека во почетокот на проповедањето на Евангелието, кога заминав од Македонија, ниедна црква не беше со мене во давањето и примањето, освен единствено вие, |
16. | зашто ми испративте во Солун, еднаш и по вторпат, за моите потреби. |
17. | Јас не барам подарок, туку го барам плодот што се умножува во ваша полза. |
18. | Примив сè и имам изобилно. Целосно сум подмирен откако го примив од Епафродит она што ми испративте - благопријатен мирис, жртва прифатлива и по волјата на Бог. |
19. | А мојот Бог ќе ги исполни сите ваши потреби, според Своето богатство во славата - во Христос Исус. |
20. | А на нашиот Бог и Татко, слава во сите векови. Амин! |
21. | Поздравете го секој светија во Христос Исус! Bе поздравуваат браќата кои се со мене. |
22. | Bе поздравуваат сите светии, а особено оние од Цезаровиот дом. |
23. | Благодатта на Господ Исус Христос да биде со вашиот дух! |
← Philippians (4/4) |