← Numbers (9/36) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња во првиот месец од втората година, откако беа излегле од Египетската земја, велејки: |
2. | "Нека напарват синовите Израилеви Пасха во определеното за неа време: |
3. | на четиринаесеттиот ден од тој месец вечерта направете ја во определеното време за неа; според занокот за неа и со сите обреди за неа направете ја!" |
4. | И им рече Мојсеј на синовите Израилеви да направат Пасха. |
5. | И направија Пасха во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот вечерта, во Синајската пустиња: како што му заповеда Господ на Мојсеја, така и постапија во се‘ синовите Израилеви. |
6. | А имаше лу е, кои беа нечисти од допир до мртви човечки тела, па не можеа да направат Пасха во оној ден; и дојдоа тие лу е во оној ден кај Мојсеја и Арона, |
7. | и му рекоа на Мојсеја: "Ние сме нечисти од допир до мртви човечки тела; зошто не ни дозволуваат и ние да му принесеме принос на Господа во определеното време ме у синовите Израилеви?" |
8. | И им рече Мојсеј: "Почекајте да чујам, како ке заповеда Господ за вас." |
9. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
10. | "Кажи им на синовите Израилеви: ако некој од вас или од потомците ваши биде нечист поради допир до мртво тело, или биде на долг пат, при вас или кај родовите ваши, и тој нека направи Пасха Господова. |
11. | Таквите нека ја направат во четиринаесеттиот ден од вториот месец вечерта и нека ја јадат со бесквасен леб и со горчливи тревки; |
12. | и да не оставаат од неа за утрешниот ден и коските нејзини да не се кршат; нека ја направат според сите наредби за Пасха. |
13. | А оној што е чист, а не бил на долг пат и не направи Пасха, - да се истреби таа душа од народот свој, зашто тој не Му принесол дар на Господа во определеното време: грев нека прими врз себе тој човек. |
14. | Ако при вас живее придојден и тој треба да направи Пасха Господова; според наредбата за Пасха и спред обредот за неа тој трева да ја направи; една наредба нека е за вас - и за придојден, и за тукашен. |
15. | Во оној ден кога беше поставена скинијата, облак ја покри скинијата и домот на сведоштвото, и до вечерта па до мугри со гледаше нешто како оган над скинијата. |
16. | Така стануваше секогаш: облак ја покриваше дење и нешто како оган - ноке. |
17. | И штом облакот ке се кренеше од скинијата, синовите Израилеви тргнуваа на пат, и на местото, каде што облакот запираше, таму се сместуваа синовите Израилеви. |
18. | По заповед на Господа синовите Израилеви тргнуваа на пат и по заповед на Господа застануваа: за сето време, додека облакот сотеше над скинијата, стоеја и тие; |
19. | и ако облакот долго време остануваше над скинијата, синовите Израилеви го набљудуваа тој Господов знак и не тргнуваа. |
20. | Понекогаш, пак, облакот малку време остануваше над скинијата: според знакот Господов тие се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат. |
21. | Понекогаш облакот стоеше само од вечечерта до утрината, и наутро облакот се креваше, тогаш и тие тргнуваа; или облакот стоеше и дење и ноке, и кога ке се кренеше, тогаш и тие тргнуваа; |
22. | или ако еден ден, или цел месец, облакот остануваше над скинијата, тогаш и синовите Израилеви стоеја и не тргнуваа на пат; а кога ке се издигнеше, тогаш тргнуваа. |
23. | На знакот Господов се запираа и според знакот Господов тргнуваа на пат, го набљудуваа знакот Господов по заповедта на Господа, дадена преку Мојсеја. |
← Numbers (9/36) → |