← Numbers (8/36) → |
1. | И му рече Господ на Мојеја, велејки: |
2. | "Јави му на Арона и кажи му: кога ги палиш кандилцата, отспреди на светилникот треба да горат седум канцилца." |
3. | Арон така и направи: отспреди на светилникот ги запали кандилцата негови, како што му заповеда Господ на Мојсеја. |
4. | И еве како е направен светилникот: излеан е од злато - од стеблото негово до цветовите негови; тој го направи светилникот според образецот, што Господ му го беше покажал на Мојсеја. |
5. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
6. | "Земи ги левитите ме у синовите Израилеви и очисти ги. |
7. | А за да ги очистиш, постапи со нив вака: пороси ги со вода за очистување, и нека го избричат со брич целото тело свое и да ги исперат алиштата свои, па ке бидат чисти. |
8. | И да земат едно теле од воловите и заедно со него и жртва принос од пченично брашно, измешано со елеј, и друго теле нека земат - жртва за грев. |
9. | И доведи ги левитите пред скинијата на сведоштвото и собери го целото општество на синовите Израилеви; |
10. | доведи ги левитите пред Господа, а синовите Израилеви нека ги стават рацете свои врз левитите. |
11. | Арон, пак, да ги изврши над левитите посветувањето нивно пред Господа од страна на синовите Израилеви за да Му служат на Господа; |
12. | а левитите да ги ставаат рацете свои врз главите на телињата, и едното да го принесе како жртва за грев, а другото за сепаленица на Господа, за да се смили над нив Господ. |
13. | Потоа постави ги левитите пред Арона и пред синовите негови и тие да го извршат над нив посветувањето нивно во Господа; |
14. | така оддели ги левитите од синовите Израилеви, па левитите да бидат Мои. |
15. | Потоа левитите, откако ке ги очистиш и ке го извршиш над нив посветувањето нивно, да влезат да служат во скинијата на сведоштвото; зашто тие Ми се дадени ме у синовите Израилвеи; |
16. | бидејки место сите првородени од синовите Израилеви, кои отвораат секоја утроба, Јас ги зедов за Себе. |
17. | Зашто Мои се сите првородени ме у синовите Израилеви, од човек до добиток: во оној ден, кога Јас ги празив сите првородени во Египетската земја, Јас ги осветив за Себе, |
18. | и ги зедов левитите место сите првородени ме у синовите Израилеви. |
19. | Ме у синовите Израилеви левитите му ги предадов на Арон а на синовите негови, за да служат место синовите Израилеви при скинијата на сведоштвото и да внимаваат на синовите Израилеви да не им се случи зло, ако се доближат до светилиштето." |
20. | Така и постапија со левитите Мојсеј и Арон и целото општество на синовите Израилеви; како што му заповеда Господ на Мојеја за левитите, така и постапија со нив синовите Израилеви. |
21. | И левитите откако се очистија и ги испраа облеките свои, Арон изврши над нив посветување пред Господа и ги очисти, и се помоли за нив за да бидат чисти. |
22. | Потоа левитите влегоа да служат во скинијата на сведоштвото пред Арона и пред синовите негови. Како што му заповеда Господ на Мојсеја за левитите, така и направи со левитите. |
23. | Господ му рече на Мојсеја: |
24. | "И ова се однесува за левитите: левитите, од дваесет и пет години нагоре, нека преземаат по ред служба во Шаторот на средбата. |
25. | А на педесет години нека истапат од службат и веке нека не служат. |
26. | Но можат да им помагаат на своите брака во исполнување на нивните должности во Шаторот на средбата, но самите не треба да ја исполнуваат службата. |
← Numbers (8/36) → |