← Numbers (7/36) → |
1. | Во оној ден кога Мојсеј ја изгради скинијата и ја помаза, кога ја освети неа и сите нејзини сосуди, и жртвеникот и сите негови сосуди, и ги помаза и ги освети, - |
2. | тогаш доведоа при него дванаесет началници Израилви, глави на домовите нивни, старешини на племињата што го надгледуваа пребројувањето, |
3. | и донесоа принос свој пред Господа - шест покриени коли и дванаесет волови, по една кола од двајца началници и по едно теле од секого, и го донесоа тоа пред скинијата. |
4. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
5. | "Земи го тоа од нив; тоа ке послужи за извршување на службите во скинијата на сведоштвото; и дај им го тоа на левитите, секому според службата негова!" |
6. | И ги зеде Мојсеј колите и воловите и им ги предаде на левититие: |
7. | две коли и четири вола им даде на Гирсоновите синови, според службата нивна; |
8. | и четири коли и осум волови им даде на Мерариевите синови, според службата нивна, под надзор на Итамара, синот на свештеникот Арон; |
9. | а на Каатовите синови не им даде, зашто нивната работа беше да го носат светилиштето: на рамо треба да го носат. |
10. | И донесоа началниците жртви за осветување на жртвеникот во оној ден кога го помазаа, а принесоа началниците и дарови свои пред жртвеникот. |
11. | Па му рече Господ на Мојсеја: "На ден по еден началник да донесува свој принос за обновување на жртвеникот." |
12. | Во првиот ден го донесе својот дар Наасон, Аминадавовиот син, од племето на Јуда; |
13. | дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша, тешка седумдесет сикли, според свештената сикла, обете полни со пченично брашно, смешано со елеј за жртва; |
14. | една златна кадилница, тешка десет сикли, полна со темјан; |
15. | едно теле, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица; |
16. | еден козел од козите - жртва за грев; |
17. | и жртва за спасение, две јуниња, пет овни, пет козли, пет јагниња. Тоа беше дар од Наасона, Аминадавовиот син. |
18. | Во вториот ден дар свој донесе Натанаил, Согаровиот син, началник на племето Исахарово; |
19. | тој донесе свој принос: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва; |
20. | една златна касилница - десет сикли, полна со темјан, |
21. | едно теле, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица, |
22. | е еден козел како жртва за грев, |
23. | и жртва за спасение - два јунца, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дарот од Натанаила, Согаровиот син. |
24. | Во третиот ден донесе началникот на синовите Завулонови Елиав, Хелоновиот син; |
25. | дарот му беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, извешано со елеј за жртва; |
26. | една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан, |
27. | едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица, |
28. | еден козел - жртва за грев, |
29. | и жртва за спасение две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа беше дар од Елиав, Хелоновиот син. |
30. | Во четвртиот ден донесе началникот на Рувимовите синови Елисур, Седиуровиот син; |
31. | дарот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаше - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно со елеј за жртва; |
32. | една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан, |
33. | едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица, |
34. | еден козел - жртва за грев, |
35. | и жртва за спасение две јуници, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елисур, Седиуровиот син. |
36. | Во петтиот ден донесе началникот на Симеоновите синови Саламиил, Сурисадаевиот син; |
37. | приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, обете полни со пченично брашно, и измешано со елеј за жртва; |
38. | една златна кадилница - десет сикли, полна со кадиво, |
39. | едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица, |
40. | еден козел - жртва за грев, |
41. | и жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет колзли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Саламиил, Сурисадаевиот син. |
42. | Во шестиот ден донесе началникот на Гадовите синови Елисаф, Рагуиловиот син; |
43. | проносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва; |
44. | една златна кадилница - десет сикли, полна со кадиво, |
45. | еден козел, едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица, |
46. | еден козел жртва за грев, |
47. | и жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли и пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елисаф, Рагуиловиот син. |
48. | Во седмиот ден донесе началникот на Ефремовите синови Елисам, Емиудовиот син; |
49. | проносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва; |
50. | една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан, |
51. | едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица, |
52. | еден козел - жртва за грев, |
53. | и жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Елисам, Емиудовиот син. |
54. | Во осмиот ден донесе началникот на Манасиевите синови Гамалиил, Фадасуровиот син; |
55. | приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва; |
56. | една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан, |
57. | едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица, |
58. | еден козел - жртва за грев, |
59. | и жртва за спасение, две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Гамалиил, Фадасуровиот син. |
60. | Во деветтиот ден донесе началникот на Венијаминовите синови Авидан, Гидеониевиот син; |
61. | приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според севштената сикла, полни со пченично брашно измешано со елеј за жртва; |
62. | една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан, |
63. | едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица, |
64. | еден козел - жртва за грев, |
65. | е жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишно јагниња. Тоа е дар од Авидана, Гидеониевиот син. |
66. | Во десеттиот ден донесе началникот на Дановите синови Ахиезер, Амисадаевиот син; |
67. | приносот негов беше една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва; |
68. | една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан, |
69. | едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица, |
70. | еден козел - жртва за грев, |
71. | е жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот на Ахиезер, Амисадаевиот син. |
72. | Во единаесеттиот ден донесе началникот на Асировите синови Фагаил, Ехрановиот син; |
73. | приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва; |
74. | една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан, |
75. | едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица, |
76. | еден козел - жртва за грев, |
77. | и жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Фагаил, Ехрановиот син. |
78. | Во дванаесеттиот ден донесе началникот на Нефралимовите синови Ахиреј, Енановиот син; |
79. | приносот негов беше: една сребрена чинија, тешка сто и триесет сикли, една сребрена чаша - седумдесет сикли, според свештената сикла, полни со пченично брашно, измешано со елеј за жртва. |
80. | една златна кадилница - десет сикли, полна со темјан, |
81. | едно теле од воловите, еден овен, едно едногодишно јагне за сепаленица, |
82. | еден козел, жртва за грев, |
83. | и жртва за спасение - две јуници, пет овни, пет козли, пет едногодишни јагниња. Тоа е дарот од Ахиреја, Енановиот син. |
84. | Тоа беа даровите од началниците Израилеви при обновувањето на жртвеникот во денот на помазувањето негово: дванаесет сребрени чинии, дванаесет сребрени чаши, дванаесет златни кадилници. |
85. | Во секоја чинија имаше по сто и триесет сикли сребро и во секоја чаша по седумдесет; и така, сребро во тие садови се‘ на се‘ - две иљади и четиристотини сикли, според свештената сикла; |
86. | а дванаесетте златни кадилници полни со темјан, секоја имаше по десет сикли, според свештената сикла: злато во кадилниците се‘ на се‘ - сто и дваесет сикли. |
87. | За сепаленици имаше вкупно: дванаесет телиња крупен добиток, дванаесет овни, дванаесет едногодишни јагниња, и жртвите со нив и прелив за нив, како и жртвите за грев дванаесет козли; |
88. | а за спасение жртви имаше се‘ на се‘: дваесет и четири телиња крупен добиток, шеесет овни, шеесет едногодишни козли, шеесет едногодишни јагниња без недостаток; тоа беа даровите при осветувањето на жртвеникот откако беше помазан. |
89. | Кога Мојсеј влегуваше во скинијата на сведоштвото да зборува со Господа, слушаше глас, кој му говореше од поклопецот, што е над ковчегот на откровението ме у двата херувима; и му говореше. |
← Numbers (7/36) → |