← Numbers (6/36) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Кажи им на синовите Израилеви и речи им: ако маж или жена вети да Му се посвети на Господа, да даде завет за да се очисти со Господовата чистота, |
3. | тој треба да се воздржува од вино и од сикер, и од вински оцет, и од оцет од сикер, и не смее да пие ништо приготвено од грозје, а не смее да јаде ни свежо, ниту суво грозје; |
4. | во сите денови на својот завет тој не смее да јаде и да пие ништо, што е приготвено од грозје, - од семките до лушпите. |
5. | Во сите денови на неговиот завет за очистување брич не смее да ја допира главата негова; додека да минат деновите, во кои Му се посветил на Господа, тој е свет; треба да остави слободна да расте косата на неговата глава. |
6. | Во сите денови, во кои Му се посветил на Господа, тој не смее да се доближува до мртво тело; |
7. | тој не смее да се осквернува ни со допир до таткото свој и мајката своја, до братот свој и сестрата своја, кога ке умрат, зашто заветот на Бога е врз главата негова; |
8. | во сите денови на неговиот завет нека биде свет пред Господа. |
9. | Ако некој кај него умре некој ненадејно, и со тоа се оскверни главата на неговиот завет, да ја истриже главата своја во денот на своето очистување, на седмиот ден да ја истриже, |
10. | а во осмиот ден да му однесе на свештеникот при влезот од скинијата на сведоштвото две грлици или два млада гулаба. |
11. | Свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата за сепаленица, и да се помоли за него за она во што се осквернил и да ја посвети главата негова во тој ден; во тој ден ке се освети во Господа, во деновите на неговиот завет, |
12. | а тој одново треба да ги почне на Господа посветените денови според својот завет и да принесе едногодишно јагне како жртва за престап; поранешните, пак, денови да не се сметаат, зашто главата му беше осквернета. |
13. | И тоа е законот за оној што сака да освети, и во оној ден кога ке завршат деновите за заветот негов, тој сам треба да принесе пред влезот од скинијата на сведоштвото, |
14. | приведувајки Му дар на Господа едно едногодишно машко јагне без недостаток за сепаленица, и едно женско јагне без недостаток како жртва за грев и еден овен без недостаток како жртва за спасение, |
15. | и кошница со лебови без квас од пченично брашно, и лебови месени со елеј, и лебови помазани со елеј, и жртва за нив и за преливање. |
16. | И свешетникот да го денесе тоа пред Господа и да принесе жртва за грев и сепаленица за него; |
17. | овенот да Му го принесе на Господа како жртва за спасение заедно со кошницата бесквасни лебови; исто така свештеникот да го принесе лебот и преливот за него. |
18. | А при влезот од скинијата на сведоштвото ветениот да ја истриже својата посветена глава, и да ја стави косата од својата посветена глава на огнот, што е под жртвата за спасение. |
19. | И да земе свештеникот една сварена плешка од овенот, еден бесквасен леб од кошницата и еден леб и да ги стави во рацете на ветениот, откако тој ке ја истриже својата глава; |
20. | и да го издигне тоа свештеникот, нишајки го пред Господа; тоа е светиња за свештеникот заедно со нишканите приноси и издигнатата плешка. Потоа назореот може да пие вино. |
21. | Тоа е законот за ветениот, кој што ветил да Му даде дар на Господа за неговиот завет, освен она, што не е во состојба да даде: според законот за очистување." |
22. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
23. | "Кажи му на Арона и на синовите негови: така да го благословувате синовите Израилеви и говорете им: |
24. | ‘да те благослови Господ и да те чува! |
25. | да погледна милозливо кон тебе Господ со светлото Свое лице на тебе и да те помилува; |
26. | да го сврти Господ кон тебе лицето Свое и да ти даде мир!‘ |
27. | Така да го спомнувате името Мое над синовите Израилеви, и Јас, Господ ке ги благословам." |
← Numbers (6/36) → |