← Numbers (5/36) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Заповедај им на синовите Израилеви да ги истераат надвор од населбата сите лепрозни, и сите што имаа излив на семе, и сите што се оскверниле од мртовец; |
3. | и мажите и жените истерајте ги, надвор од населбата истерајте ги, за да не ги осквернуваат домовите свои, ме у кои и Јас живеам." |
4. | Така и направија синовите Израилеви и ги истераа надвор од населбата: како што му рече Господ на Мојсеја, така и направија синовите Израилеви. |
5. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
6. | "Кажи им на синовите Израилеви: ако маж или жена направи кој и да било грев против човек и со тоа изврши престап против Господа, виновна е таа душа. |
7. | Нека го исповеда направениот грев и да го врати она, за што е виновен, и да додаде кон тоа уште една петина и да му го даде на оној, спрема кого згрешил. |
8. | Ако тој човек нема наследник, кому би требало да му се врати за вината, тогаш да му го посвети тоа на Господа: нека биде тоа за свештеникот, освен овенот за очистувањето, над кој ке се помоли тој за него. |
9. | И секоја првина, и се‘ што се осветува за синовите Израилеви, а ке го донесуваат за Господа при свештеникот, нему му припа а; |
10. | и посветеното, од кого и да е, нему му припа а, и, ако некој му даде нешто на свештеникот, нему му припа а." |
11. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
12. | "Зборувај со синовите Израилеви и кажи им: ако некого го извевери жената и го презре, |
13. | или ако некој преспие со неа и излие семе, и тоа се утаи од очите на мажот нејзин, или ако скрие дека се осквернила тајно, а против неа нема сведок, таа нема да биде разобличена; |
14. | а него го обземе ли љубоморен дух, и почне да љубомори на жена си, кога таа е осквернета, или го обзема љубоморен дух, и тој почне да љубомори на жена си, кога таа не е осквернета,- |
15. | тогаш мажот нека ја доведе жената при свештеникот и да принесе дар за неа една десетина од ефа јачмено брашно, на да не го полива со елеј и да не става на него ливан, зашто тоа е жртва за љубомора, жртва за спомен што наспомнува за беззаконие. |
16. | А свештеникот нека ја приведе жената и нека ја исправи пред Господа; |
17. | и да зема тој изворска вода во глинен сад и прав од сувата земја во скинијата, и да го стави во водата. |
18. | Потоа свештеникот да ја исправи жената пред Господа, и да и‘ ја открие главата и да го стави врз рацете нејзини приносот за спомен, - а тоа е принос за љубомора, а свештеникот да ја држи во раката измешаната вода, која носи проклетство. |
19. | И свештеникот да ја заколне и да и‘ рече на жената: "Ако никој не бил со тебе, и ти не си се осквернила и не си го изневерила својот маж, невина биди. |
20. | Но, ако си го изневерила својот маж и си се осквернила, и ако некој, освен твојот маж, спиел со тебе,- |
21. | тогаш свештеникот нека ја заколне жената со клетва за проклетството и нека и‘ рече: - Да те предаде Господ на проклетството и на клетва во твојот народ, и да даде Господ утробата твоја да се исуши, и стомакот твој да се надуе; |
22. | и да мине внатре во тебе таа вода што носи проклетство, па стомакот твој да се надуе и утробата твоја да се исуши. - А жената да каже: ‘Амин, амин.‘ |
23. | И свештеникот да ја напише таа клетва на хартија, а потоа да ја избрише во измешаната вода; |
24. | и да и‘ даде на жената да се напие од измешаната вода, што носи проклетство, и да влезе во неа водата, што донесува проклетство. |
25. | И да земе свештеникот од рацете на жената лебен принос за љубомора, и да го издигне тој принос пред Господа, и да го однесе кај жртвеникот. |
26. | И свештеникот да земе тогаш со рака малку од лебниот принос за спомен, да го изгори на жртвеникот и потоа да и‘ даде да жената да ја испие водата; |
27. | и откога ке ја напои со водата, ако е таа нечиста и ако направила престап спрема својот маж, измешаната вода што носи проклетство, ке влезе во неа, и стомакот ке и‘ се надуе, и утробата нејзина ке се исуши, и таа жена ке биде проклета ме у својот народ. |
28. | Ако, пак, жената не е осквернета и останала чиста, ке остане без повреда и ке се оплодува од семе. |
29. | Тоа е законот за љубомора: кога жената ке го изневери својот маж и ке се оскверни, |
30. | или кога љубоморен дух ке го обзема мажот, и тој почне да љубомори на жена си, тогаш тој нека ја исправи жена си пред Господа, и нека го изврши свештеникот над неа се‘ она според овој закон,- |
31. | и мажот ке биде чист од грев, а жената ке го прими врз себе својот грев." |
← Numbers (5/36) → |