← Numbers (4/36) → |
1. | Му рече Господ на Мојсеја и Арона, велејки: |
2. | "Пребројте ги Каатовите синови ме у синовите Левиеви според родовите нивни, според домовите нивни, |
3. | од дваесет и пет години нагоре до педесет години, за да бидат на служба, вршејки ги сите работи во скинијата на сведоштвото. |
4. | А ова е службата на Каатовите синови, левитите, според родовите нивни, според домовите нивни во скинијата на сведоштвото: да ја носат Свјатаја Свјатих. |
5. | Кога ке треба да се крене на пат, Арон и синовите негови да влезат и да ја симнат покривната завеса и да го покријат со неа ковчегот на сведоштвото |
6. | ии да го покријат со покровот од сини кожи, и над неа да ја стават покривката цела од синкава волна, и да го постават носилата. |
7. | И трпезата за лебот на предложението да ја покријат со платно од синкава волна и да ги наредат одозгора чиниите, и кадилниците, и чашите, и канчињата за пресипување, а на неа секогаш да има лебови; |
8. | да стават врз нив црвена покривка, да ја покријат со покривало од сина кожа и да ја постават на носилата. |
9. | Да земат исто така покривка сина, и да го покријат свекникот за осветлување, и свеките негови, и чистилките негови, и сите садови за елеј, со кои се служат, |
10. | да го обвијат, и сите негови сосуди да ги покријат со покривка од сини кожи и да го стават на носила. |
11. | А на златниот жртвеник да стават покривка од синкава волна, да го покријат со покривка од сини кожи, и да го постават на носилки. |
12. | Да ги земат сите сосуди за служење, со кои служат во светилиштето, да го обвијат во синкава волнена обвивка, да ги покријат со покривка од сини кожи, и да ги постават на носилки. |
13. | А покривка да стават и на жрвеникот и да го обвијат со пурпурно платно; |
14. | да ги стават одозгора сите сосуди негови, со кои се служат во нив - кадилата, виљушките, лопатките и чашите, сите сосуди на жртвенииот - да го покријат со покривка од сини кожи и да го постават на носилка. И да земат пурпурно платно, да го покријат умивалникот и подножјата негови, да го обвијат во сина кожена покривка, и да го стават на носилка." |
15. | И направија така, Арон и синовите негови, покривајки го целото светилиште и сите сосуди на светилиштето, па кога ке се крева населбата, тогаш Каатовите синови да влезат и да носат; но тие не смеат да се допираат до светите работи, за да не умрат. Тие работи од скинијата на сведоштвото да ги носат Каатовите синови. |
16. | Надsирател ке биде Елеазар, синот на свештеникот Арон, нему му се доверува елејот за светилникот, благомиризливото кадило, постојаниот лебен принос и елејот за помазание, - му се доверува целата скинија и се‘, што е во неа, светилиштето и она што му припа а нему. |
17. | И му рече Господ на Мојсеја и Арона, велејки: |
18. | "Не го погубувајте родот на Каатовците ме у левитите, |
19. | туку еве што ке направите за нив, за да бидат живи и да не умираат, кога пристапуваат кон Свјатаја Свјатих: Арон и синовите негови нека дојдат и нека му определат на секого од нив кој што ке носи: |
20. | но тие не смеат да се доближуваат и ненадејно да ја видат Свјатаја, за да не умрат." |
21. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
22. | "Преброј ги и Гирсоновите синови според домовите нивни, според родовите нивни, |
23. | од дваесет и пет години нагоре до педесет години, пребројте ги сите подобни за служба и за работа во скинијата на сведоштвото. |
24. | Еве ја работата на Гирсоновиот род, кога ке служат и ке се движат: |
25. | да ги носат оградите на скинијата, и скинијата на сведоштвото, покривката нејзина, и покривот од сини кожи, што е на неа, оградата на вратата од скинијата на сведоштвото, |
26. | оградата на тремот, завесите од влезот во тремот, што е околу скинијата и жртвеникот, и се‘ што им припа а ним; и сите сосуди за служење што извршуваат служба. |
27. | Сите служби на Гирсоновите синови, кога носат товари и кога вршат работа, треба да се извршуваат по заповед на Арона и на синовите негови; секому да му се каже посебно што кој ке носи. |
28. | Тоа се службите на родовите на Гирсоновите синови во скинијата на сведоштвото и тоа е, што да пазат под надзор на Итамара, синот на свештеникот Арон. |
29. | Преброј ги Мерариевите синови според родовите нивни, според домовите нивни; |
30. | од дваесет и пет години нагоре до педесет години, преброј ги сите способни за служба, за да работат во скинијата на сведоштвото. |
31. | Еве што треба да носат тие според службата своја во скинијата на сведоштвото: оградите од скинијата и јажињата нејзини, столбовите нејзини и подлогите нивни, |
32. | и столбовите од сите страни на тремот и подножјата нивни, и столбовите за завесата на вратата од тремот, и колците нивни и јажињата нивни, и сите сосуди и подножјата и се‘ што е потребно за служење и именувајте ги работите, што треба да ги носат. |
33. | Тоа е работата на родовите на Мерариевите синови според службата нивна при скинијата на сведоштвото, а под надзор на Итамара, синот на свештеникот Арон." |
34. | И ги распоредија Мојсеј и Арон началниците Израилеви на Каатовите синови според родовите нивни и домовите нивни, |
35. | од дваесет и пет години нагоре дури до педесеттата што ке служи и работи секој во скинијата на сведоштвото. |
36. | И излегоа на број според родовите нивни, две иљади и седумстотини и педесет. |
37. | Тоа се преброените родови Каатови, на сите што ке служат при скинијата на сведоштовото, и што ги изброи Мојсеј и Арон по заповед на Господа, дадена преку раката на Мојсеја. |
38. | И Гирсоновите синови беа преброени според родовите нивни, и според домовите нивни, |
39. | од дваесет и пет години и нагоре, дури до педесет години, што секој ке работи и врши во скинијата на сведоштвото; |
40. | и излегоа на број, според родовите нивни, според домовите нивни, две иљади и шестотини и триесет. |
41. | Тоа се изброените од родовите на Гирсоновите синови, сите што ке служат во скинијата на сведоштвото, а кои ги изброи Мојсеј и Арон, по заповед на Господа, преку раката на Мојсеја. |
42. | Родовите на Мерариевите синови беа изброени според родовите нивни, според домовите нивни, |
43. | од дваесет и пет години и нагоре, дури и до педесет години, сите способни за служба и за работа при скинијата на сведоштвото; |
44. | и излегоа на број, според родовите нивни, според домовите нивни, три иљади и двесте. |
45. | Тоа се преброените од родовите на Мерариевите синови, што ги преброи Мојсеј и Арон по заповед на Господа, дадени преку Мојсеја. |
46. | И беа изброени сите левити, што ги изброи Мојсеј и Арон и началниците Израилеви според родовите нивни и според домовите нивни, |
47. | од дваесет и пет години и нагоре, дури и до педесет години, сите способни да работат и да носат во скинијата на сведоштвото, |
48. | и излегоа на број осум иљади и петстотини и осумдесет. |
49. | По заповед на Господа ги распореди Мојсеј, секој за својата работа што ке ја врши, и беа изброени, како што му заповеда Господ на Мојсеја. |
← Numbers (4/36) → |