← Numbers (35/36) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја во западен Моав при Јордан, спроти Јерихон, велејки: |
2. | "Заповедај им на синовите Израилеви да им дадат со жреб на левитите од добиените делови во владение свое градови за живеење, и поле околу градовите дајте им на левитите; |
3. | во градовите ке живеат тие, а полето ке биде за добитокот нивни, и за сите нивни четвороножни животни. |
4. | Полето околу градовите, што ке им го дадете на левитите, треба да се простира од градскиот sид две иљади лакти наоколу. |
5. | И измерете надвор од градот, откај исток две иљади лакти, откај страната на југ две иљади лакти, и страната откај морето две иљади лакти, откај севет две иљади лакти, а во средината да биде градот; такво ке им биде полето околу градовите. |
6. | Ме у градовите што ке им ги дадете на Левитите, шест града нека има за заслониште, каде што ке дозволите да избегаат оние што убиле; и освен нив дајте четириесет и два града: |
7. | сите градови, што ке им ги дадете на Левитите, да бидат четириесет и осум града со поле околу нив. |
8. | И кога ги давате градовите од владението на синовите Израилеви, давајте од поголемото - повеке, од помалото помалку; според наследството свое, што ке го добие, нека им даде од своите градови на Левитите." |
9. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
10. | "Кажи им на синовите Израилеви и речи им: ‘кога ке минете преку Јордан во Хананската земја, |
11. | разделете си градови, што ке ви бидат градови прибежишта, каде што би можел да избега убиец, кој убил ненамерно.‘ |
12. | И тие градови нека ви бидат засолниште од одмаздникот за крв, та да не биде погубен оној, што го извршил убиството, пред да излезе на суд пред народот. |
13. | А градовите, што ке ги дадете, градовите за засолништа, треба да бидат шест: |
14. | три града дајте од оваа страна на Јордан и три града дајте во Хананската земја; тие треба да бидат градови прибежишта. |
15. | Тие шест градови да бидат засолништа за синовите Израилеви, за придојдениот и за преселениот ме у вас, за да избега во нив секој, кој убил човек не сакајки. |
16. | Ако некој удри некого со железно орудие и тој умре, тој е убиец: убиецот да биде убиен; |
17. | и ако некој удри некого со камен од рака, и тој умре од каменот; тој е убиец, убиецот да биде убиен; |
18. | или ако удри со дрвено орудие од рака, па тој од тоа умре, тој е убиец, убиецот да биде умртвен. |
19. | Одмазникот за крв сам може да го убие убиецот: штом ке го сретне, може сам да го умртви. |
20. | Ако некој турне некого од омраза, или со умисла фрли на него нешто, така што тој да умре, |
21. | или од завест го удри со рака, па тој умре, тогаш оној што удрил да биде убиен, тој е убиец; одмаздникот за крв може да го умртви убиецот, штом ке се сретне со него. |
22. | Ако го турне, не сакајки, и без непријателство, или фрли на него нешто без умисла, |
23. | или, без да види, откачи некој камен одозгора, што може да предизвика смрт, така што оној умре, но тој не му бил непријател и не му мислел зло, |
24. | тогаш народот да го реши делото ме у убиецот и одмаздникот за крв според оваа наредба; |
25. | и народот да го спаси убиецот од раката на одмазникот за крв, и да го врати во градот на неговото заслониште, каде што избегал тој, за да живеее таму до смртта на големиот свештеник, кој е помазан со свет елеј. |
26. | Ако убиецот излезе надвор од градот за засолнување, каде што избегал, |
27. | па одмаздникот за крв го сретне надвор од границата на градот прибежиште и го убие, нема да биде виновен за крвнина, |
28. | зашто оној треба да живее во градот на засолништето свое до смртта на големиот свештеник, а по смртта на големиот свештеник убиецот ке може да се врати во земјата на имотот свој. |
29. | Тоа да ви биде законска наредба во поколенијата ваши, по сите ваши живеалишта. |
30. | Секој што ке убие човек убиецот да биде пред свидетели; но еден сведок не е доволен за осудување на смрт. |
31. | И не земајте откуп за душата на убиецот, кој е виновен за смртта, него предавајте го на смрт. |
32. | И не земајте откуп за избеган во засолнички град, за да му дозволите да живее во земјата своја, се‘ до смртта на великиот свештеник. |
33. | На убивајте на земјата, на која живеете; зашто крвта ја осквернува земјата, и земјата не се чисти од пролеаната крв врз неа поинаку, освен со крвта на оној, што ја пролеал. |
34. | Да не ја осквернувате земјата, на која живеете, во која поме у вас се вселив и Јас; зашто Јас сум Господ, Кој се всели ме у синовите Израилеви." |
← Numbers (35/36) → |