Numbers (34/36)  

1. Му рече Господ на Мојсеј, велејки:
2. "Заповедај им на синовите Израилеви и кажи им: кога ке влезат во Хананската земја, таа е земјата, кој ке ви се падне во дел, земјата Хананска со пределите нејзини:
3. вашата страна ке биде онаа во југ, од пустињата Син, дури до Едом, како и пределот кон Лив, од крајот на Соленото Море откај исток,
4. и да се граничи со пределите од југ до Акравинските возвишенија да минува кон југ кај Кадис-Варни да излегува кај полето Арад, минувајки преку Аселмон;
5. од Аселмон линијата да оди кон Египетската река и излегува кон морето.
6. И морските предели да бидат ваши, предели што ги определува морето - тоа е морската граница.
7. Откај север, пак, да имате граница: од големото море да ја измерите сами до горите,
8. од горите таа ад продолжува до Емат, и оттука свртува кон Садад;
9. оттаму границата да продолжи кон Зефрон и да скршнува кон Арсенаин: тоа да ви биде северната граница.
10. Источната граница измерете ја сами од Арсенаин до Сепфамара,
11. од Сепфамара да продолжи кон Вил до изворите, потоа таа прави завој до морето Кинерет, од источната страна;
12. таа граница излегува на Јордан и прави завој кон Соленото Море. Тоа да ви биде земјата со границите нејзини наоколу."
13. Тогаш им заповеда Мојсеј на синовите Израилеви и рече: "Еве ја земјата што ке ја поделите со жреб, која Господ заповеда да им се даде на деветте племиња и половината од племето Манасиево,
14. зашто племето на Рувимовите синови според домовите нивни, и племето на Гадовите синови според домовите нивни, и половината од Манасиевото племе, го добија својот дел:
15. двете племиња и половината племе го добија својот дел со жреб од ова страна на Јордан, спроти Јерихон на исток."
16. И му рече Господ на Мојсеја, велејки:
17. "Ова се имињата на мажите, што ке ја поделат таа земја ме у вас, свештеникот Елеазар, и Исус, Навиновиот син;
18. а за делењето на земјата земете и по еден кнез од секое племе.
19. А еве ги имињата на тие мажи: за Јудиното племе-Халев, синот Јефониев;
20. за племето на Симеоновите синови - Самуил, синот Амиудов;
21. за Венијаминовото племе - Елдад, синот Хаслонов;
22. за племето на Дановите синови - кнезот Вакхир, Еглиновиот син;
23. за Јосифовите синови, за племето на Манасиевите синови - кнезот Анил, Ефодовиот син;
24. за коленото на Ефремовите синови - кнезот Камуил, синот Сафатанов;
25. за племето за Завулоновите синови - кнезот Елисафан, синот Фарнахов;
26. за племето на Исахаровите синови - кнезот Фалтиил, синот Озанов;
27. за племето на Асировите синови - кнезот Ахир, синот Селемиинов;
28. за племето на Нефталимовите синови - кнезот Фадаил, синот Амиудов."
29. Тоа се оние, на кои Господ заповеда да ги поделат деловите ме у синовите Израилеви во Хананската земја.

  Numbers (34/36)