← Numbers (33/36) → |
1. | Ете тоа се населбите на синовите Израилеви, што излегоа од Египетската земја според својот состав, под водството на Мојсеја и Арона. |
2. | По заповедта на Господа Мојсеј го опиша нивните патувања и престојувањата нивни, и еве ги престоите на нивното патување. |
3. | Од Рамзес тие тргнаа во првиот месец, на петнаесеттиот ден од првиот месец, - утрината по Пасха излегоа синовите Израилеви под висока рака пред очите на сите Египтјани; |
4. | а во тоа време Египтјаните ги погребуваа сите првородени, што ги порази Господ ме у нив, и над боговите нивни Господ беше извршил суд. |
5. | Така тргнаа синовите Израилеви од Рамзес и се сместија во Сокхот. |
6. | Потоа појдоа од Сокхот и се сместија во Вутан, кој е дел од пустињата. |
7. | Се кренаа од Вутан, и се упатија при изворот Ирот, кој е спроти Веелсепфан, и се сместја спрема Мигдол. |
8. | Откога тргнаа од Ирот, минаа преку морето во пустињата, и патуваа три дена по пустињата, и се сместија во Мера. |
9. | И се кренаа од Мера, пристигнаа во Елим; а во Елим имаше дванаесет водни извори и седумдесет финикови дрвја, и таму се сместја до водите. |
10. | Потоа појдоа од Елим и се сместија крај Црвеното Море. |
11. | И тргнаа од Црвено Море и се сместија во пустињата Син. |
12. | Па се кренаа од пустињата Син и се сместија во Рафак. |
13. | Од Рафак заминаа и дојдоа во Елус. |
14. | Тргнаа од Елус и се сместија во Рафидин, а таму немаше вода да пие народот. |
15. | Појдоа од Рафидин и се сместија во Синајската пустиња. |
16. | Заминаа од Синајската пустиња и се сместија покрај гробовите на страстите. |
17. | Тргнаа од гробовите на страстите и се сместија во стан на Асирот. |
18. | Од Асирот појдоа и се сместија во Ратам. |
19. | Потоа се кренаа од Ратам и се сместија во Ремнон-Фарес. |
20. | Појдоа од Ремнон-Фарес и се сместија во Лемнон. |
21. | Од Лемнон заминаа и се сместија во Ресан. |
22. | Тргнаа од Ресан и се сместија во Макелата. |
23. | Се кренаа од Макелата и се сместија во Арсафат. |
24. | Тргнаа од планината Арсафат и се сместија во Харад. |
25. | Тргнаа од Харад и се сместија во Макидад. |
26. | Од Макидад се кренаа и се сместија во Катад. |
27. | Тргнаа од Катад и се сместија во Тарад. |
28. | Појдоа од Тарад и се сместија во Мадек. |
29. | Заминаа од Мадек и се сместија во Аселнон. |
30. | Од Аселнон тргнаа и се сместија во Масурут. |
31. | Тргнаа од Масурут и се сместија во Банакан. |
32. | Заминаа од Банакан и се сместија во гората Гадад. |
33. | Се кренаа од гората Гадат и се сместија во Етеват. |
34. | Појдоа од Етеват и се сместија во Еврон. |
35. | Тргнаа од Еврон и се сместија во Гесион-Гавер. |
36. | Од Гесион-Гавер тргнаа и се сместија на стан во пустињата Син, па се кренаа од пустињата Син, и се сместија во пустињата Фаран, која е и Кадес. |
37. | Појдоа од Кадес и се сместија во планината Ор, близу до земјата Едомска. |
38. | Тогаш по заповед на Господа свештеникот Арон се искачи на планината Ор и умре таму на четириесеттата година по излегувањето на синовите Израилеви од Египетската земја, во петтиот месец, на првиот ден од месецот; |
39. | Арон имаше сто и дваесет и три години кога умре на планината Ор. |
40. | Тогаш царот на Арад, еден од хананските цареви, кој живееше на југ во Хананската земја, чу, дека идат синовите Израилеви. |
41. | И тие тргнаа од планината Ор и се сместија во Селмон. |
42. | Појдоа од Селмон и се сместија во Финон. |
43. | Се кренаа од Финон и се сместија во Овот. |
44. | Потоа заминаа од Овот и се сместија во Гај, од спротива на пределите Моавски. |
45. | Тргнаа од Гај и се сместија во Девон-Гад. |
46. | Појдоа од Девон-Гад и се сместија во Гелмон-Девлатаим. |
47. | Се кренаа од Гелмон-Девлатаим и се сместија во Аваримската гора спроти Навав. |
48. | Тргнаа од Аваримската планина и се сместија во западен Моав, крај Јордан, спроти Јерихон; |
49. | и се кренаа од западен Моав, па се сместија во Јордан ме у Есимот и Велсатим во западен Моав. |
50. | Тогаш му рече Господ на Мојсеја во западен Моав, во Јордан кај Јерихон, велејки: |
51. | "Кажи им на синовите Израилеви и речи им: кога ке минете од оваа страна на Јордан во Хананската земја, |
52. | погубете ги од пред себе сите жители на оваа земја, разрушете ги сите нивни храмови и сите излеани идоли, разрушете ги и сите нивни жртвеници, разорете ги; |
53. | погубете се‘ живо во таа земја и завладејте ја и населете се во неа, зашто Јас ви ја давам таа земја да ја владеете; |
54. | и поделете ја земјата со жреб на делови ме у вашите племиња: на многубројните дајте им поголем дел, а на малубројните дајте им помал дел; како кому ке му се падне жребот, таму да му биде и делот; земете си делови според родовите на таткоците ваши. |
55. | Ако, пак, не ги поразите од пред себе жителите на земјата, тогаш оние што ке останат, ке бидат трн во очите ваши и бодила во слабините ваши и ке ве притеснуваат во земјата каде што ке живеете, |
56. | и тогаш, она што мислев да им го направам ним, ке ви го направам вам." |
← Numbers (33/36) → |