← Numbers (32/36) → |
1. | Рувимовите синови и Гадовите синови имаа многу добиток; и тие видоа, дека земјата Јазир и земјата Галад се места за стада. |
2. | И Гадовите синови и Рувимовите синови дојдоа и му кажаа на Мојсеја и на свештеникот Елеазар и на кнезовите народни, велејки: |
3. | "Атарот и Девон, Јазир и Намра, Есевон и Елеали, Севам, Невив и Веан,- |
4. | земјата, која Господ им ја предаде на синовите Израилеви, е земја за одгледување стада, а твоите слуги имаат стада. |
5. | - И рекоа - ако сме нашле благословение пред тебе, дај им ја таа земја на слугите твои во владение; не не‘ преведувај преку Јордан." |
6. | И им рече Мојсеј на Гадовите синови и на Рувимовите синови: "Браката ваши ке отидат во војна, а вие туке ли ке останете? |
7. | Зошто го одвракате срцето на синовите Израилеви да одат во земјата што Господ им ја дава? |
8. | Не направија ли така татковците ваши, кога ги испракав од Кадис-Варни да ја видат земјата." |
9. | Тие отидоа до долината на лозјата и ја видоа земјата, и го одвратија срцето на синовите Израилеви, за да не отидат во земјата, која Господ им ја дава; |
10. | и во оној ден се разгори гневот на Господа и Он се заколна, велејки: |
11. | ‘И тие лу е, што излегоа од Египет, од дваесет години и нагоре, кои знаат што е добро и што е зло, нема да ја видат земјата, за која му се бев заколнал на Авраама, Исака и Јакова, зашто тие не Ме послушаа, |
12. | освен Халев, синот на Јефонија, и Исус, синот Навинов, зашто тие Го послушаа Господа; |
13. | и се разгори гневот на Господа против Израилот, и Он ги водеше по пустињата четириесет години; додека не се сотре целиот род, кој беше направил зло пред Господа. |
14. | И ете, наместо татковците ваши, востанавте вие, изроди од грешници, за да ја зголемите уште повеке јароста Господова против Израилот. |
15. | Ако се одвратите од Него, Он пак ке го остави Израилот во пустињата, и вие ке го погубите сиот овој народ.‘ |
16. | И тие се приближија донего и рекоа: "Kе направиме тука кошари за стадата наши и градови за децата наши; |
17. | а самите ние први ке се вооружиме и ке одиме пред синовите Изрилеви, додека не го одведеме до местата нивни; добитокот наш нека остане во урврдени градови, за да биде во безопасност од месните жители; |
18. | нема да се вратиме во домовите наши се‘ додека не стапат синовите Израилеви секој на својот дел; |
19. | зашто нема да земеме заедно со нив дел од онаа страна на Јордан и понатаму, бидејки со жреб ни се даде оваа страна на Јордан, кон исток." |
20. | Тогаш Мојсеј им рече: "Ако го направите тоа, ако отидете вооружени во војна пред Господа, |
21. | и секој од вас вооружен го мине Јордан пред Господа, додека не ги истреби Он пред Себе Своите непријатели, |
22. | и земјата ке биде покорена пред Господа, тогаш потоа ке се вратите и нема да бидете виновни пред Господа и пред Израилот, и ке ја владеете оваа земја пред Господа. |
23. | Но ако не постапите така, ке згрешите пред Господа и за гревот свој ке претрпите казна, што ке ве стигне. |
24. | Изградете градови на имотите ваши и огради за добиток ваш, и извршете го она, што го кажавте со устата своја!" |
25. | Тогаш Гадовите синови и Рувимовите синови му рекоа на Мојсеја: "Слугите твои ке направат така, како што заповедал Господ наш; |
26. | децата, пак, наши, жените наши, и сиот наш добиток нека останат тука во градовите на Галад, |
27. | а слугите твои, сите вооружени и подготвени како војници, пред Господа ке појдат во војна, како што вели Господ." |
28. | И Мојсеј му заповеда на свештеникот Елеазар и на Иисуса, Навинов син, и на началниците над племињата на синовите Израилеви, |
29. | и им рече: "Ако Гадовите синови и Рувимовите синови го преминат заедно со вас Јордан, сите вооружени и подготвени за војување пред Господа, и ја завладеат земјата пред вас, дајте им ја да ја владеат земјата Галад. |
30. | Ако пак не тргнат заедно со вас вооружени и подготвени за војна пред Господа, тогаш испретете ги пред вас имотите нивни жените нивни и добитокот нивни во Хананската земја, и нека ја наследат заедно со вас земјата Хананска." |
31. | Тогаш Гадовите синови и Рувимовите синови одговорија и рекоа: "Како што ни заповеда Гопсод, на слугите негови, така и ке направиме; |
32. | ние ке тргнеме вооружени пред Господа за Хананската земја, а дајте ни ја во владение наше оваа страна на Јордан." |
33. | И им го даде Мојсеј - на Гадовите синови и на Рувимовите синови и половината од племето Манасиево, и на синовите Јосифови - царството на Сион, аморејски цар, и царството на Ог, васански цар, земјата со градовите нејзини и околностите нивни, - градовите на земјата наоколу. |
34. | И Гадовите синови го изградиња Дивон, Атарот и Ароир, |
35. | и Софан, и Јазир и ги утврдија; |
36. | и Амрам и Вегран, градови утврдени, и огради за овци. |
37. | А Рувимовите синови ги изградија Есевон, Елеали, Каријатаим, |
38. | И Невон, и Веелиеон, чии имиња беа изменети, и Севма, и им дадоа имиња на градовите, што ги изградија. |
39. | И отиде Ур, синот Махиров, Манасиев внук, во Галад, и го презедоа и ги порази Аморејците, што живееја таму. |
40. | Јаир, пак, синот Манасиев, отиде и ги презеде селата нивни и ги нарече Јаирови села. |
41. | И му го даде Мојсеј Галад на Манасиевиот син Махир, и тој се насели таму. |
42. | А Навав отиде и го зазеде Кага и потчинетите му градови, и го нарече според името свое: Навав. |
← Numbers (32/36) → |