← Numbers (31/36) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја велејки: |
2. | "Одмазди им се на Мадијамците поради синовите Израилеви, и потоа ке се прибереш при народот свој." |
3. | И му рече Мојсеј на народот велејки: "Вооружете ме у вас лу е за војна, за да тргнат против Мадијамците, да извршат одмазда Господова над нив; |
4. | испратете во војна по иљада од племе, од сите племиња на синовите Израилеви. |
5. | И од иљадниците Израилеви беа одделени по иљада од секое племе, вкупно дванаесет иљади вооружени за војна. |
6. | И ги испрати Мојсеј во војна, по иљада од секое племе, нив и Финес, синот на свештеникот Елеазар, Аронов син, со светите сосуди и со труби за тревога в рака. |
7. | И отидоа во војна против Мадијам, како што му заповеда Господ на Мојсеја, и ги убија сите од машки пол; |
8. | а заедно со убиените од нив ги убија и мадијамските цареви; го убија со меч и Валаам, Веоровиот син заедно со нивните убиени. |
9. | Мадијамските, пак, жени и децата нивни синовите Израилеви ги зедоа во плен; и сиот нивни добиток, и сите стада нивни, и целиот имот нивни го заграбија; |
10. | сите градови нивни во нивно владение и сите села нивни со оган ги изгореа. |
11. | И го зедоа сето заграбено, од човек до добиток. |
12. | И заробените, и огарбеното и заграбеното му го донесоа на Мојсеј, пред свештеникот Елеазар и пред општеството на синовите Израилеви, при населбата во Аравот Моавски, кај Јордан, спроти Јерихон. |
13. | Тогаш Мојсеј и свештеникот Елеазар и сите кнезови на општеството излегоа надвор од населбата за да ги пречекаат. |
14. | И се разгневи Мојсеј на воените началници, иљадниците и стотниците, што се беа вратиле од војната, |
15. | па им рече: "Зошто ги оставивте живи сите жени? |
16. | ете тие, по советот на Валаама, беа станале причина синовите Израилеви да отстапат и да ги презрат наредбите од Господа, заради Фегор, затоа и дојде оној пораз врз народот Господов. |
17. | А сега, убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени, што познале маж на машко легло; |
18. | а сите деца од женски пол, кои не познаел машко легло, оставете ги живи за себеси. |
19. | И останете надвор од населбата седум дена; сите, што убиле човек и што се допреле до убиен, очистете се на третиот ден, вие и вашите заробеници; |
20. | очистете ја и сета облека, сите кожени предмети, се‘ што е направено од козина, и сите дрвени садови." |
21. | Потоа им рече свештеникот Елеазар на војниците, што беа отишле во војна: "Еве ги наредбите на законот, кои Господ му ги заповеда на Мојсеја: |
22. | злато, сребро, бакар, железо, калај и олово, |
23. | и се‘ што минува низ оган, поминете го низ оган, за да се очисти, а освен тоа, тоа треба да се очисти и со очистителна вода; а се‘, што не минува низ оган, поминете го низ вода; |
24. | и облеката исперете ја на седмиот ден, и очистете се, и потоа влезете во населбата." |
25. | И му рече Господ На Мојсеја, велејки: |
26. | "Преброј го заграбеното, од човек до добиоток, ти и свештеникот Елеазар и началниците од племињата на општеството; |
27. | и раздели го ограбеното по половина, на оние што војуваа, што одеа во борба, и ме у целото општество. |
28. | А од војниците, што беа во војна, земи данок за Господа, од душа петстотини, од лу е и од говеда, и од овците и од ослите; |
29. | земи го тоа од нивната половина и дај му го на свештеникот Елеазар за вознесување пред Господа. |
30. | А од половината, определена за синовите Израилеви, земи по педесет на човек, од лу ето, од говедата, од овците и ослите, и од сите други животни, и дај им го тоа на левитите што служат при скинијата Господова." |
31. | И направи Мојсеј и свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја. |
32. | И пленот, што остана од грабежот, што го заграбија оние, кои беа отишле во војна, беше: овци шестотини седумдесет и пет иљади, |
33. | говеда седумдесет и две иљади, |
34. | осли шеесет и една иљада, |
35. | лу е - жени, кои не познале машко легло, сите беа триесет и две иљади души. |
36. | Половината, делот на оние, што беа отишле да се борат, според пребројувањето, беше: овци триста триесет и седум иљади и петстотини, говеда триста и седум иљади и петстотини. |
37. | На Господа од овците Му се даде шестотини седумдесет и пет; |
38. | говеда триесет и шест иљади, и од тоа дар за Господа седумдесет и два; |
39. | осли триесет иљади и петстотини, а дел од нив за Господа шеесет и еден; |
40. | лу е шеснаесет иљади, и данок од нив за Господа беше триесет и две души. |
41. | И му го даде Мојсеј дарот за вознесување пред Господа, на свештеникот Елеазар, како што му заповеда Господ на Мојсеја. |
42. | И од половината, определена за синовите Израилеви, што ја оддели Мојсеј од оние кои беа отишле во војната,- |
43. | а половината како дел на општеството беше: овци триста и триесет и седум иљади и петстотини, |
44. | говеда тиесет и шест иљади, |
45. | осли триесет и пет иљади и петстотини, |
46. | лу е шеснаесет иљади. |
47. | Од таа половина, определена за синовите Израилеви, Мојсеј зеде педесетти дел од лу ето и од добитокот и им го даде тоа на левитите, што служеа при скинијата Господова, како што му заповеда Господ на Мојсеја. |
48. | И дојдоа при Мојсеја начлниците над иљадите од војската, иљадниците од стотниците, |
49. | и му рекоа на Мојсеја: "Твоите слуги ги преброија војниците, што ни се доверени, и ниеден од нив не умрел. |
50. | Еве, Му донесовме принос на Господа кој што нашол - златни предмети, алки, гривни, претења, обетки и веришки, за да се помолат за нас пред Господа. |
51. | И го зеде од нив Мојсеј и свештеникот Елеазар златото од сите тие изработки. |
52. | И сето злато, донесено од иљадниците и стотниците за вознесување пред Господа, беше шеснаесети иљади и седумстотини и педесет сикли. |
53. | Војниците беа грабала секој за себеси. |
54. | И го зеде Мојсеј и свештеникот Елеазар, златото од иљадниците и стотниците и го внесоа во скинијата на сведоштвото за спомен на синовите Израилеви пред Господа. |
← Numbers (31/36) → |