← Numbers (3/36) → |
1. | Ова е родословот Аронов и Мојсеев, во оној ден кога му говореше Господ на Мојсеја на планината Синај. |
2. | Еве ги имињата на синовите Аронови: првенецот Надав, Авуид, Елеазар и Итамар. |
3. | Тоа се имињата на Ароновите синови, помазани за свештеници, кои тој ги посвети за да свештенодејствуваат. |
4. | Но Надав и Авиуд умреа пред Господа, кога донесоа ту оган пред Господа во Синајската пустиња, а немаа деца; Елеазар, пак, и Итамар останаа како свештеници кај татка си Арона. |
5. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
6. | "Доведи го Левиевото племе и постави го при свештеникот Арона, за да му служат; |
7. | и нека тие бидат на стража за него и на стража за целото општество Израилево при скинијата на сведоштвото, за да се извршуваат службите при скинијата; |
8. | и да ги пазат сите сосуди во скинијата на сведоштвото и да бидат на стража за синовите Израилеви во врска со сите работи што се вршат околу скинијата. |
9. | И дај му ги левитите на Арон, братот твој, и на синовите негови свештениците: нека Ми бидат тие дадени како дар од синовите Израилеви. |
10. | А Арон и синовите негови постави ги над скинијата на сведоштвото, за да ја пазат свештеничката дожност и се‘ што е кај жртвеникот и зад завесата; а ако некој надворешен се доближи, да биде убиен." |
11. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
12. | "Ете, Јас си зедов левитите ме у синовите Израилеви наместо сите првородени од Израилевите синови, што ја отвораат утробата, тие се откуп; левитите да бидат Мои, |
13. | бидејки сите првородени се Мои; во денот, кога ги поразив сите првородени во Египетската земја, Јас си осветив за Себе сите Израилеви провородени од човек до добиток: тие да бидат Мои. Јас сум Господ." |
14. | И му рече Господ на Мојсеја во Синајската пустиња, велејки: |
15. | "Преброј ги Левиевите синови според домовите нивни, според родовите нивни, преброј се‘ од машки пол од еден месец, и нагоре!" |
16. | И ги преброи Мојсеј и Арон според зборовите Господови, како што беше заповедано. |
17. | Еве ги Левиевите синови според имињата нивни: Гирсон, Каат и Мерари. |
18. | А ова се имињата на Гирсоновите синови според родовите нивни: Ловен и Семеј. |
19. | И Катовите синови според родовите нивни: Амрам и Исар, Хеврон и Узиил. |
20. | И Мерариевите синови според родовите нивни: Моли и Муси. Тоа се Левисвите родови според домовите нивни: |
21. | Од Гирсона произлегува родот Ловенов, родот Семејов: тоа се Гирсоновците. |
22. | Сите, изброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа седум иљади и петстотини. |
23. | Родовите на Гирсоновци се беа сместиле зад скинијата, кон запад. |
24. | Началник на поколението од Гиросовите синови беше Елисаф, син Даилов; |
25. | на Гирсоновите синови при скинијата на сведоштвото им е доверено да ги пазат: скинијата и покривката нејзина, завесата над влезот во скинијата на сведоштвото, |
26. | оградите од тремот, завесата од влезот во тремот, што е околу скинијата и жртвеникот, и сите други негови делови. |
27. | Од Каат произлегува родот Амрамов и родот Исаров, и родот Хевронов и родот Узиилов: тоа се Катовците; |
28. | Според пребројувањето сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа осум иљади и шестотини, кои го чуваа (пазеа) светилиштето. |
29. | Родовите на Каатовци да се сместат на јужната страна од скинијата; |
30. | а началникот на племето Каатовци беше Елисафан, синот Узиилов; |
31. | тие го чуваа ковчегот, трпезата, светилникот, жртвениците, садовите на светилиштето, со кои се служи, и завесата со сите нејзини работи. |
32. | Началник над началниците на левитите беше Елеазар, син на свештеникот Арон; поставен како стража да го чува светилиштето. |
33. | Од Мерари произлегува родот на Моли и родот на Муси; тоа се родови Мерариови; |
34. | сите преброени од машки пол, од еден месец и нагоре, беа на број шест иљади и двесте; |
35. | началник на домот на Мерариевци беше Суриил, син Авихеов; тие да се распоредат на северната страна; |
36. | на Мерариевите синови им беше доверено да ги пазат штиците на скинијата и јажињата нејзини, столбовите, подножјата нејзини, сите сосуди, и сите работи со целото нивно устројство, |
37. | столбовите од тремот наоколу и подножјата нивни, колците нивни и јажињата нивни. |
38. | А од предната страна на скинијата, на исток, сместени беа Мојсеј и Арон, и синовите негови, кои место синовите Израилеви, го пазеа светилиштето; ако, пак, некој ту инец, се доближеше, биваше убиен. |
39. | Сите изброени левити, што ги преброи Мојсеј и Арон по заповед на Господа, според родовите нивни, сите од машки пол, од еден месец нагоре, веа дваесет и две иљади. |
40. | И му рече Господ на Мојсеја: "Преброј ги сите првородени синови Израилеви од машки пол, од еден месец и нагоре, и преброј ги поименично; |
41. | и земи ги левитите за Мене, наместо сите првородени од синовите Израилеви, - Јас сум Господ, - а добитокот на левитите место сиот првороден добиток на синовите Израилеви." |
42. | И ги преброи Мојсеј, како што му заповеда Господ, сите првородени од синовите Израилеви; |
43. | и сите првородени од машки пол, според бројот на имињата, од еден месец и нагоре, беа дваесет и две иљади и двесте и седумдесет и три. |
44. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
45. | "Земи ги левитите место сите првородени од синовите Израилеви, и добитокот на левитите, место нивниот добиток; левитите нека бидат Мои. Јас сум Господ. |
46. | А за откуп на десте и седумдесет и трите првородени Израилеви, со кои го надминуваа бројот на левитите, |
47. | земи по пет сикли за човек, според свештената сикла земи, по даесет пенези од сикла, |
48. | и дај му го тоа сребро на Арона и на синовите негови, за откуп на оние, што го надминуваат нивниот број." |
49. | И го зеде Мојсеј среброто од откупот за оние, што го надмунуваат бројот на заменетите со левитите. |
50. | Од првородените Израилеви синови зеде сребро иљада и триста и шеесет и пет сикли, според свештената сикла; |
51. | и среброто од откупот, за оние што го надминуваат бројот, Мојсеј му го даде на Арона и на синовите негови според зборовите на Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
← Numbers (3/36) → |