← Numbers (29/36) → |
1. | Во седмиот месец, првиот ден од месецот, треба да ви биде особено свет; никаква работа не вршете; тоа да ви биде ден на трубни знаци; |
2. | и принесете сепаленица за благопријатен мирис на Господа: едно теле од говедата, еден овен, седум едногодишни јагниња, без надостаток; |
3. | а заедно со нив и жртва од пченично брашно, поднесено со елеј, три десетини од ефа за телето, две десетини од ефа за овенот, |
4. | една десетина од ефа за секое од седумте јагниња, |
5. | и еден козел од козите како жртва за грев, за да се палат за вас. |
6. | Освен новомесечните сепаленици и приносите за нив, и преливите нивни, и секогашните сепаленици со нивните приноси и преливи според наредбите, треба да бидат со благопријатен мирис за Господа. |
7. | И десеттиот ден од тој седми месец треба да ви биде посебно свет: смирувајте ги душите свои и никаква работа не вршете; |
8. | а принесете сепаленици за благопријатен мирис на Господа: едно теле, еден овен, седум едногодишни јагниња; тие треба да бидат без недостаток; |
9. | и заедно со нив и принос од пченично брашно, поднесено со елеј, три десетини од ефа за теле, две десетини од ефа за овен, |
10. | и по една десетина од ефа за секое од седумте јагниња, |
11. | како и еден козел од козите - жртва за грев, за да се помолат за вас, освен жртвите за грев, што се принесуваат во денот на очистувањето, и освен постојаните сепаленици и приносите со нив и преливите за нив, што се принесуваат според наредбите, и жртва на Господа со благопријатен мирис. |
12. | И петнаесеттиот ден од седмиот месец треба да ви биде особено свет: никаква работа не вршете и празнувајте го тој празник Господов седум дена: |
13. | и принесете сепаленица, жртва за благопријатен мирис на Господа: во првиот ден тринаесет телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња; тие треба да бидат без недостаток; |
14. | И жртва од пченично брашно, претставена со елеј, три десетини од ефа за секое од тринесетте телиња, две десетини од ефа за секој овен, |
15. | по една десетина од ефа за секое едно од четиринаесет јагниња |
16. | и еден козел од козите жртва за грев, освен постојаната сепаленица принос како и прелив за неа. |
17. | А на вториот ден принесете: дванаесет телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток, |
18. | и со нив уште и принос и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите; |
19. | исто така и козел еден од козите - жртва за грев, освен постојаната сепаленица со приносот и прелив за нив. |
20. | На третиот ден, пак, принесете: единаесет телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток, |
21. | а со нив принос и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите; |
22. | исто така и еден козел од козите жртва за грев, покрај постојаната сепаленица со приносот и прелив за неа. |
23. | На четвртиот ден принесете: десет телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток, |
24. | со нив и принос и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите, |
25. | а покрај тоа и еден козел - жртва за грев, освен постојаната сепаленица и приносот и преливот за неа. |
26. | И на петтиот ден принесете жртва: девет телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток, |
27. | и со нив денесете уште и принос и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите, |
28. | а и козел еден - жртва за грев, покрај постојаната сепаленица и приносот, уште и прелив за неа. |
29. | И на шестиот ден пак, принесете: осум телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток, |
30. | а со нив и принос како и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите; |
31. | а исто така и еден козел од козите - жртва за грев, покрај постојаната сепаленица и принос и уште и прелив за неа. |
32. | Во седмиот ден принесете: седум телиња, два овна, четиринаесет едногодишни јагниња, без недостаток, |
33. | и со нив уште принос и прелив за телињата, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите, |
34. | а и козел еден како жртва за грев, освен постојаната сепаленица и принос како и прелив за неа. |
35. | Во осмиот ден е крај на празникот: никаква работа не вршите; |
36. | а принесете сепаленица, жртва со пријатен мирис на Господа: едно теле, еден овен, седум едногодишни јагниња без недостаток, |
37. | и заедно со нив принос и прелив за телето, за овенот и за јагнињата, според бројот нивни според наредбите; |
38. | освен тоа уште и еден козел - жртва за грев, покрај постојаната сепаленица, приносот и преливот за неа. |
39. | Принесувајте го тоа на Господа на вашите празници, освен заветите ваши и благодарностите ваши, и сепалениците ваши и жртвите ваши уште и жртви за спасението ваше." |
← Numbers (29/36) → |