← Numbers (28/36) → |
1. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
2. | "Заповедај им на синовите Израилеви и кажи им: даровите Мои, лебните приноси, жртвите Мои со благопријатен мирис да Ми се принесуваат на празниците Мои. |
3. | И кажи им: ете ја жртвата, која што треба да Му ја принесувате на Господа: две јагниња на ден, без недостаток, за сепаленица постојана за престап: |
4. | едното јагне принесувај го наутро, а другото јагне навечер; |
5. | и да принесете жртва, една десетина од ефа пченично брашно, помешано со четвртина ин чист елеј, |
6. | сепаленицата е постојана жртва на Господа, каква што беше извршена при планината Синај, за благопријатен мирис, |
7. | и кон неа да има за прелив четврт ин за едното јагне; на свето место извршувај го со вино преливот на Господа. |
8. | Другото јагне принесувај го навечер, со таков лебен принос како утрината, со жртва и прелив за него принесувај го за пријатна благоугодност на Господа. |
9. | А во саботен ден принесувајте по две јагниња без недостаток, и две десетти од ефа пченично брашно, поднесено со елеј, како и прелив; |
10. | и тоа е саботна сепаленица за секоја сабота, освен постојаната сепаленица и преливот за неа. |
11. | и при млад месец принесувајте Му на Господа сепаленици: од говедата две телиња, еден овен и седум јагниња без недостаток, |
12. | и три десетти од ефа пченично брашно поднесено со елеј, принос со телето, и две десетти од ефа пченично брашно, принесено со елеј, принос со овенот, |
13. | и по една десетта од ефа пченично брашно, поднесена со елеј, принос за секое јагне: тоа е сепаленица, благопријатна жртва на Господа; |
14. | а преливот за нив треба да биде половина ин вино за телето, една третина од ин за овенот и една четвртина ин за јагнето; тоа е сепаленица за секое новомесечје во текот на сите месеци на годината. |
15. | Принесувајте Му на Господа секогаш и по еден козел од козите ваши - жртви за грев; него треба да го принесувате заедно со преливот за него. |
16. | Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот, е Пасха Господова. |
17. | А на петнаесеттиот ден од тој месец е празник; седум дена треба да се јадат бесквасни лебови. |
18. | Првиот ден да ви биде особено свет, никаква работа не вршете; |
19. | и принесете сепаленица, жртва на Господа: две телиња од говедата, еден овен и седум едногодишни јагниња; тие да се без недостаток; |
20. | а и принос кон нив пченично брашно, поднесено со елеј, тие десетини од ефа за секое теле, и две десетини од ефа за овенот, |
21. | и по една десетина ефа принесувајте за секое од седумте јагниња, |
22. | и еден козел од козите - жртва за грев, за да се помолат за вас; |
23. | принесувајте го тоа, освен утринската сепаленица, која е постојана жртва. |
24. | Така правете секој ден во седумте дена; тоа е дар, принос благопријатен за Господа; при редовната сепаленица и прелив за неа. |
25. | И седмиот ден треба да ви биде особено свет; никаква работа не вршете. |
26. | И денот на првите плодови, кога Му принесувате на Господа нова жртва во вашите седмици, треба да ви биде особено свет; никаква работа не вршете; |
27. | и принесете сепаленици и благопријатен мирис на Господа: од говедата две телиња, еден овен и седум едногодишни јагниња, без недостаток, |
28. | а заедно со нив и принос од пченично брашно, поднесено со елеј, три десетини од ефа за секое теле, две десетини од ефа за овен, |
29. | и по една десетина од ефа за секое од седумте јагниња; |
30. | и еден козел од козите - жртва поради грев, за да се помолат за вас. |
31. | Пронесувајте ми ги овие жртви со вино за прелив, освен постојаните сепаленици со приносите; тие треба да бидат без надостаток." |
← Numbers (28/36) → |