← Numbers (26/36) → |
1. | По тој пораз Господ му рече на Мојсеја и на свештеникот Елеазар, син Аронов, велејки: |
2. | "Преброј го целото општество на синовите Израилеви од дваесет години нагоре, според домовите нивни, сите способни за војување во Израилот." |
3. | И им рече Мојсеј и свештеникот Елеазар во Аравот моавски кај Јордан, спроти Јордан, спроти Јерихон, велејки: |
4. | "Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ, кои излегоа од Египетската земја: |
5. | Рувим, Израилев првороденец. Рувимовите синови: од Енох - Енохово поколение, од Фалу - Фалуовото поколение, |
6. | од Асрон - Асроновото поколение, од Харми - Хармиевото поколение; |
7. | тоа се Рувимовите родови: на број тие беа четириесет и три иљади и шестототини и триесет. |
8. | Фалуовите синови: Елиав, |
9. | и Елиавовите синови: Намуил, Датан и Авирон. Тоа се оние Датан и Авирон, познати кај народот, кои предизвикаа смут против Мојсеја и Арона заедно со соучесниците на Кореја, кога тие предизвикаа бунт против Господа; |
10. | па земјата ја отвори устата своја и ги голтна заедно со Кореја: заедно со нив умреа и соучесниците нивни, кога оган изгоре двесте и педесет човека, и тие станаа за пример; |
11. | но Кореевите синови не изумреа. |
12. | Симеоновите синови според поколенијата нивни: од Намуил - Намуиловото поколение, од Јамин - Јаминовото поколение, од Јахин - Јахиновото поколение, |
13. | од Зара - Заровото поколение, од Саул - Сауловото поколение; |
14. | тоа се Симеоновите родови при пребројувањето нивно: дваесет и две иљади и двесте. |
15. | Јудините синови: Ир и Авнан, и Силом, Фарес и Зара, но Ир и Авнан умреа во Хананската земја; |
16. | Јудините синови според поколенијата нивни беа: Силом - Силомовото поколение, од Фарес - Фаресовото поколение, од Зара - Заровото поколение. |
17. | Фаресови синови беа: од Асрон - Асроновото поколение, од Јамун Јамуновото поколение; |
18. | тоа се Јудините родови според пребројувањето нивно: седумдесет и шест иљади и петстотини. |
19. | Исахарови синови според поколенијата нивни: од Тола - Толовото поколение, од Фува - Фувиното поколение, |
20. | од Јасува - Јасувовото поколение, од Амврам - Амврамовото поколение; |
21. | тоа се Исахаровите родови, според пребројувањето нивно: шеесет и четири иљади и четиристотини. |
22. | Завулонови синови според поколенијата нивни: од Саред - Саредово поколение, од Алон - Алоново поколение, од Алил - Алилово поколение; |
23. | тоа се Завулоновите поколенија, според пребројувањето нивно: шеесет иљади и петстотини. |
24. | Гадови синови според поколенијата нивни: од Сафон - Сафоновото поколение, од Агин - Агиновото поколение, од Сунин - Суниновото поколение, |
25. | од Азен - Азеновото поколение, од Ад - Адовото поколение, |
26. | од Ароад - Ароадовото поколение, од Армал - Армаловото поколение; |
27. | тоа се поколенијата на Гадовите синови, според пребројувањето нивно: четириесет иљади и петстотини. |
28. | Асирови синови според поколението нивно: од Јамин - Јаминовото поколение, од Јесу - Јесуовото поколение, од Вариј - Вариевото поколение. |
29. | Од Вариевите синови, од Ховер - Ховеровото поколение, од Мелхиил - Мелхииловото поколение; |
30. | Името на Асировата керка беше Сара; |
31. | Тоа се поколенијата на Асировите синови според пребројувањето нивно: четириесет и три иљади и четиристотини. |
32. | Јосифови синови според поколенијата нивни: Манасија и Ефрем. |
33. | Манасиеви синови: од Махир - Махирово поколение, од Махир се роди Галаад, од Галаада - Галадово поколение. |
34. | Еве ги Галаадовите синови: од Ахиезер - Ахиезеровото поколение, од Хелек - Хелековото поколение, |
35. | од Есриила - Есрииловото поколение, од Сухем - Сухемовото поколение, |
36. | од Симаер - Симаеровото поколение, од Офер - Оферовото поколение. |
37. | Салпаад, син Оферов, немаше синови, туку само керки; имињата на Салпаадовите керки беа: Мала, Нуа, Егла, Мелха и Терса; |
38. | тоа се Манасиевите поколенија; а на број тие беа педесет и две иљади и седумстотини. |
39. | Еве ги Ефремовите синови според поколенијата нивни: од Судал - Судаловото поколение, од Танах - Танаховото поколение; |
40. | А еве ги Судаловите синови: од Еден - Еденовото поколение; |
41. | тоа се поколенијата на Ефремовите синови, според пребројувањето нивно: триесет и две иљади и петстотини. Тоа се Јосифовите синови според поколенијата нивни. |
42. | Венијаминовите синови според поколенијата нивни: Вал - Валовото поколение, од Асивир - Асивировото поколение, од Јахиран - Јахирановото поколение; |
43. | од Софан - Софановото поколение; |
44. | Валови синови беа: Адер и Ноеман: од Адер - Адеровото поколение, од Ноемана - Ноемановото поколение; |
45. | тоа се Венијаминовите синови според поколенијата нивни; а на број тие беа четириесет и пет иљади и шестотини. |
46. | Еве ги Дановите синови според поколенијата нивни: од Самеј - Самеовото поколение; |
47. | А сите Самеови поколенија според пребројувањето нивно беа: шеесет и четири иљади и четиристотини. |
48. | Нефталимови синови според поколенијата нивни: од Асил - Асиловото поколение, од Гаун - Гауновото поколение; |
49. | од Јесер - Јесеровото поколение, од Селим - Селимовото поколение; |
50. | тоа се Нефталимовите поколенија според пребројувањето нивно: а на број тие беа четириесет и пет иљади и четиристотини. |
51. | Тоа се влезените во пребројувањето синови Израилеви: шестотини и една иљада и седумстотини и триесет. |
52. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
53. | "Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата; |
54. | на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето; |
55. | земјата треба да се подели со жреб, тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови; |
56. | со жреб да им се поделат нивните делови поме у нив - како на многубројните, така и на малубројните." |
57. | Тие се Левиеви синови, што влегоа во пребројувањето според поколенијата свои: од Гирсон - Гирсоновото поколение, од Кат - Катовото поколение, од Мерари - Мерариевото поколение. |
58. | Ова се Левиевите родови: Ловеновото поколение, Хевроновото поколение, Мусиновото поколение и Кореевото поколение. Од Кат се роди Амрам. |
59. | Името на Амрамовата жена беше Јохавед, керка Левиева, која е родена од Левиевата жена во Египет, а таа му го роди на Амарма Арона, Мојсеја и Маријам, нивната сестра. |
60. | На Арона му се родија Надав и Авиуд, Елеазар и Итамар; |
61. | но Надав и Авиуд умреа, кога принесоа ту оган пред Господа во Синајската пустиња. |
62. | Сите од машки пол, од еден месец и нагоре, беа преброени дваесет и три иљади; тие не беа преброени заедно со синовите Израилеви, зашто не им беше даден дел ме у синовите Израилеви. |
63. | Тоа се преброените од Мојсеја и свештеникот Елеазар, кои ги преброија синовите Израилеви во Аравот моавски кај Јордан, спроти Јерихон; |
64. | ме у нив немаше ни еден од оние, кои Мојсеј и свештеникот Арон ги преброија, кога ги пребројуваа синовите Израилеви во Синајската пустиња; |
65. | зашто Господ им беше рекол: "Тие ке изумрат во пустињата." И никој од нив не остана, освен Јефониевиот син Халев и Навиновиот син Исус. |
← Numbers (26/36) → |