← Numbers (25/36) → |
1. | Израил живееше во Ситим и народот почна преку блуд да се осквернува со керките на Моав; |
2. | и ги покануваа тие да принесуваат жртва на идолите нивни, и народот ги јадеше жртвите нивни и им се клањаше на боговите нивни. |
3. | И му се поклони Израилот на Ваал-Фегор. И се разгори гневот Господов против Израилот. |
4. | И му рече Господ на Мојсеја: "Земи ги сите началници народни и разобличи ги пред Господа спроти сонцето, и ке се одврати јаросниот гнев Господов од Израилот." |
5. | Тогаш Мојсеј им рече на племињата Израилеви: "Секој нека ги убие своите лу е, што му служат на Ваал-Фегор." |
6. | И ете, еден од синовите Израилеви дојде и доведе при братот свој една Мадијамка, пред очите на Мојсеја, и пред очите на целото општество на синовите Израилеви, кога тие плачие при влезот од скинијата на сведоштвото. |
7. | Финес, синот на Елеазара, син на свештеникот Арон, кога го виде тоа, стана среде општеството и зеде во раката копје, |
8. | и влезе по Израилецот во блудилиштето и ги прободе и обајцата: Израилецот и жената во утробата нејзина; и престана поморот на синовите Израилеви. |
9. | А умрените од помор беа дваесет и четири иљади. |
10. | И му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
11. | "Финес, синот на Елеазара, син на свештеникот Арон, ја одврати јароста Моја од синовите Израилеви, покажувајки ме у нив ревност за Мене, и Јас не ги истребив синовите Израилеви во ревноста Своја. |
12. | Така кажи им: ‘ете, Јас му давам мирен завет; |
13. | и тој ке биде за него и за потомството негово по него завет на вечно свештенство, затоа што покажа ревност за својот Бог и Го омилостиви за синовите Израилеви." |
14. | Името на убиениот Израилец, кој беше убиен со Мадијамката, е Замври, син на Сало, началник на Симеоновото поколение; |
15. | а името на убиената Мадијамка е Хазва; таа беше керка на Сура, началник на Мадијамското племе Омот. |
16. | Пак му рече Господ на Мојсеја, велејки: |
17. | "Сметајте ги за непријатели Мадијамците и поразувајте ги, |
18. | зашто тие со подмолноста своја постапуваа непријателски спрема вас, соблазнувајки ве со Фегора и со Хазва, керката на мадијамскиот началник, нивна сестра, убиена во денот на поморот поради Фегор." |
← Numbers (25/36) → |