← Numbers (24/36) → |
1. | Валаам виде дека на Господ Му е пријатно да го благословува Израилот и не отиде во пресрет како порано, за да прескажува, а го сврти лицето кон пустињата. |
2. | Погледна Валаам и го виде Израилот, како се беше сместил со племињата свои, а Духот Божји беше на него. |
3. | И започнувајки ја својата беседа, рече: "Валаам, синот Веоров, говори тој што ја гледа вистината. |
4. | Зборува оној, кој ги слуша зборовите на Семокниот; бидејки видение Божјо виде во сон, и тоа му ги отвори очите. |
5. | Колку се убави домовите твои, Јакове, и живеалиштата твои, о Израиле! |
6. | Тие се распростираат како дубрави со сенки, како градини крај река, како куки што ги изградил Господ, како кедри крај води; |
7. | од семето негово ке излезе човек, и ке завладее многу народи, и царството негово ке со возвиси погоре од царството на Гога, и ке се преувеличи. |
8. | Бог го изведе од Египет; тој е брз како еднорог, ке ги голтне непријателски расположените народи спрема него, ке им ги скрши коските нивни и со стрелите свои ке го порази непријателот. |
9. | Легнал тој како лав и како лавче; кој ке го разбуди? Благословен да биде, оној шsо те благословува и проклет - оној што те проколнува!" |
10. | Се разгневи Валак против Валаама, и плесна тој со рацете свои, па му рече на Валаама: "Јас те повикав да ги проколнеш непријателите мои, а ти ги благословуваш еве веке по третпат; |
11. | бегај, пак, во земјата своја; јас сакав да ти искажам почит, но, ете, Господ те лишува од почестите." |
12. | И му рече Валаам на Валака: "Не ли им реков на твоите пратеници што ми ги испрати: |
13. | ‘Да ми ја дадеше Валак и куката своја, полна со сребро и злато, не би можел да ја прекршам заповедта Господова, за да направам нешто добро или лошо по своја воља: она што ке ми рече Господ, тоа и ке го кажувам?‘ |
14. | И така, ете, јас си одам во своето место, но приближи се, за да ти кажам и да те посоветувам што ке направи во последните дни овој народ со твојот народ." |
15. | И го раскажа видението свое, велејки: "Валаам, синот Веоров, зборува човек со отворени очи, |
16. | го зборува оној, што ги пази зборовите Божји, кој доби знаење од Севишниот, и откако виде видение Божјо во сон, очите му се отворија. |
17. | Kе му покажам, но не сега уште, го сакам но не одблиску. Изгрева sвезда од Јакова, и се издига довек од Израилот; тој ке ги поразува кнезовите моавски и ке ги заробува сите Ситови синови. |
18. | И Едом ке биде негово наследство, Сеир ке завладее над непријателите свои, а Израил ке ја покаже силата своја. |
19. | Произлезениот од Јакова ке завладее и ке ги погуби преживеаните од градот. |
20. | И го виде тој Амалика, и ја раскажа таа своја приказна, велејки: Амалик е прв ме у народите, но семето негово ке се затре. |
21. | И го виде и Кенеон, и пророкува, велејки: "Силно е твоето живеалиште, на камен си го свил своето гнездо, |
22. | иако му е на Веор тоа гнездо на сплетки, Асирците ке те заробат. |
23. | И кога го виде Ога, пак пророкува, и рече: "Тешко, тешко, кој ке остане жив, кога Бог ке го направи тоа. |
24. | Kе ги изведат од рацете Китиски, ке го озлобат Асура, ке го озлобат и Евера, но и самите ке се уништат." |
25. | И стана Валаам и се врати во местото свое, а исто така и Валак отиде по патот свој. |
← Numbers (24/36) → |