← Numbers (23/36) → |
1. | Тогаш Валаам му рече на Валака: "Изгради ми овде седум жртвеници и приготви ми седум телиња и седум овни." |
2. | Валак направи така, како што рече Валаам; и принесоа Валак и Валаам по едно теле и по еден овен на секој жртвеник. |
3. | И му рече Валаам на Валака: "Застани при својата сепаленица, а јас ке појдам, можеби ке се јави Господ пред мене, и што ке ми открие, ке ти кажам." И остана Валак при сепаленицата своја, а Валаам отиде на другата страна за да Го праша Бога. |
4. | И му се јави Бог на Валаама, и Валаам Му рече: "Јас подигнав седум жртвеници и принесов по едно теле и по еден овен на секој жртвеник." |
5. | И му вложи Господ збор во устата на Валаама и рече: "Врати се при Валака и речи вака." |
6. | И се врати при него, а тој стоеше при својата сепаленица, тој и сите моавски кнезови. А Духот Божји беше врз него. |
7. | И ги прими овие зберови, па рече: "Од Месопотамија, од источните планини, ми рече Валак, моавскиот цар: дојди, проколни ми го Јакова, и дојди, проколни ми го Израилот! |
8. | Како ке проколнам? Бог не проколнува. Што лошо ке речам, кога Господ не злословува. |
9. | Од врвот на гората го гледам, од ридовите го гледам: ете народ кој живее одделно и не се вбројува ме у народите. |
10. | Кој ке го изброи семето на Јакова и кој ке го пресмета бројот на народот Израилев. Да умре душата моја, како што умираат праведниците, и крајот мој да биде како нивниот!" |
11. | И му рече Валак на Валаама: "Што ми направи? Јас те повикав да ги проколнеш непријателите мои, а пак ти, ете, ги благословуваш со благослов." |
12. | Тој одговори и рече: "Не требаше ли да го кажам токму она, што Господ го вложи во устата моја?" |
13. | И Валак му рече: "Дојди со мене на друго место, од каде што ке видиш, но само дел од него ке видиш, а нема целиот да го видиш; и проколни ми го оттаму." |
14. | И го одведе до границата на полето на врвот на една карпа, и изгради таму седум жртвеници, и принесе по едно теле и по еден овен на секој жртвеник. |
15. | И му рече Валаам на Валака: "Стој тука при сепаленицата своја, јас пак, ке одам понатаму за да Го прашам Бога." |
16. | И го сретна Бог Валаама, и му вложи слово во устата негова, па рече: "Врати се при Валака и кажи му така." |
17. | И се врати при него, а тој стоеше при својата сепаленица, а заедно со него и сите моавски кнезови. И му рече Валак: "Што вели Господ?" |
18. | Тој го започна своето кажување и рече: "Стани Валако, слушај и внимавај, сине Сепфоров! |
19. | Бог не е човек, та да се колеба, ниту е син човечки, па да се изменува. Што ке каже, па да не го изврши, или што ке рече, па да не биде така? |
20. | Ете, доведен сум да благословувам: ке благословувам, и никако инаку. |
21. | Не се гледа мака во Јакова, и не се забележува ни болест кај Израилот; Господ Бог е со него, и тој има сава царска. |
22. | Бог го изведе од Египет: тој е брз како еднорог: |
23. | нема гатање кај Јакова, нема ма епсништво кај Израилот; некогаш ке речат за Јакова и за Израилот: ете, што направи Бог! |
24. | Ете, еден народ се подигна како лавица и се исправи како лав; нема да легне, додека не го изеде пленот свој и додека не се напие од крвта на победените." |
25. | И му рече Валак на Валаама: "Ни со клетва не го проколнувај, ни со благослов не го благословувај." |
26. | И одговори Валаам и му рече на Валака: "Не ли ти реков што ке рече Господ, тоа и ке го изврши." |
27. | И му рече Валак на Валаама: "Дојди, ке те одведам на друго место; ке Му биде секако угодно на Бога, и оттаму ке ми го проколнеш." |
28. | И го поведе Валак Валаама на врвот од Фагор, што се протега спрема пустињата. |
29. | И му рече Валаам на Валака: "Изгради ми овде седум жртвеници и приготви ми седум телиња и седум овни." |
30. | И Валак направи, како што рече Валаам, и принесе по едно теле и по еден овен на секој жртвеник. |
← Numbers (23/36) → |