← Numbers (21/36) → |
1. | Еден од ханаските цареви, - царот на Арад, кој живееше на југ, кога чу, дека Израилот доа а по патот од кај Атарим, стапи во борба против Израилците и зароби неколкумина од нив. |
2. | и се заветува Израилот пред Господа, и рече: "Ако го предадеш овој народ во рацете мои, ке ги истребам градовите нивни, ке ги уништам." |
3. | Господ го чу гласот на Израилот и ги предаде Хананејците во рацете негови, и тој победи и градовите негови ги опусти, и тоа место го нарече: запустение. |
4. | Од планината Ор тие тргнаа кон Црвено Море, за да ја заобиколат земјата на Едом. И по патот народот падна со духот; |
5. | и возроптаа лу ето против Бога и против Мојсеја: "Зошто не‘ изведе од Египет, па да умреме во пустињава: тука нема ни леб, ни вода, а во душата ни омрзна таа лоша храна?" |
6. | и испрати Господ против народот отровни змии, кои го касаа народот, и многу лу е изумреа од синовите Израилеви. |
7. | И дојде народот при Мојсеја и рече: "Згрешивме кога се пубунивме против Господа и против тебе; помоли Му се на Гсопдоа да ги отстрани од нас змиите." И Мојсеј Му се помоли на Господа за народот. |
8. | И му рече Господ на Мојсеј: "Направи бакарна змија и закачи ја на знаме како знак, и ако касне некого змија, каснатиот, штом ке ја погледне, ке остане жив." |
9. | И направи Мојсеј бакарна змија и ја закачи на знамето како знак, и кога некоја змија ке каснеше некој човек, тој штом ке ја погледнеше бакарната змија, остануваше жив. |
10. | И тргнаа синовите Израилеви и се задржаа во Овот; |
11. | се кренаа и од Овот, и застанаа во Ахалагеј, спроти пустињата Моав, која е на исток. |
12. | Оттаму тргнаа и дојдоа во долината Заред; |
13. | оттука, кога тргнаа, се задржаа во оној дел од страната на Арнон, кој тече од пределите на Амореја, бидејки Арнон е границата на Моав, ме у Моав и Амореја. |
14. | Затоа е и речено во книгата за војните Господови: ‘го уништи Зоов, и потокот Арнон.‘ |
15. | И по потокот ја изгради населбата Ир, која му припа а на Моав. |
16. | Оттука тргнаа кон еден извор, а тоа е оној кладенец, за кој Господ му рече на Мојсеја: ‘собери го народот и ке им дадам вода.‘ |
17. | Тогаш Израилот ја запеа песната: ‘извирај, кладенец!‘ |
18. | Пејте за кладенецот што го ископаа кнезовите, а народните водачи заедно со законодавецот го разрушија со жезлата свои. И од кладенецот тргнаа кон Мантанаил. |
19. | Од Мантанаил во Наадил, од Наадил, во Вамот, |
20. | а од Вамот за Напин, кој е во Моавската земја, од пресечениот врв, свртен со лицето кон пустињата. |
21. | И ги прати Мојсеј пратениците при Сион, аморејскиот, со предлог за мир, и да му кажат: |
22. | "Дозвои ни да минеме преку твојата земја; ке одиме по патот, нема да навлегуваме ни во селата, ни во лозјата, и нема а пиеме вода од твоите кладенци, а ке одиме по царскиот пат, додека да ги менеме пределите твои." |
23. | Но Сион не му дозволи на Израила да мине преку пределите негови; и го собра Сион целиот свој народ и излезе против Израилот во пустињата, и стигна до Јасан и се судри со Израилот. |
24. | И го порази Израил со меч и завладеа со земјата негова од Арнон до Јавок, дури до Аминовите синови, бидејки Јазир е амонитски предел. |
25. | И ги зазеде Израил сите тие градови, и се насели Израилот во сите аморејски градови, во Есевон и во сите нему потчинети; |
26. | зашто Есевон беше град на аморејскиот цар Сион, кој војуваше против поранешниот моавски цар и ја беше одзел од рацете негови целата земја негова од Ароир дури до Арнон. |
27. | Затоа велат писателите: дојдете во Есевон, нека се изгради и утврди градот Сион; |
28. | бидејки оган излезе од Есевон, пламен од градот Сионов и изгоре дури до Моав и ги проголта столбовите арнаитски. |
29. | Тешко тебе, Моаве, изгинаа лу ето Хамосови, синовите негови ги заробија, и керките му станаа робинки на аморејскиот цар Сион. |
30. | И семето нивно се затре од Есевон дури до Девон, и жените нивни, кои изгореа од оган кај Моав. |
31. | И се насели Израилот во Аморејската земја. |
32. | И испрати Мојсеј да го разгледаат Фазир, па го зазедоа него и селата негови, и ги изгонија Аморејците што живееја таму. |
33. | Тогаш се повратија и појдоа кон Васан. И излезе против нив васанскиот цар Ог, самиот тој и целиот народ негов, за да се судри со нив кај Едраин. |
34. | И му рече Господ на Мојсеја: "Не бој се од него, зашто Јас ке ти го предадам во рацете твои наго и целиот народ негов и целата земја негова, и ке постапиш со него, онака како што постапи со аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон." |
35. | И го порази него и синовите негови и целиот народ негов, така што ниеден од нив не остана жив; и ја наследија земјата негова. |
← Numbers (21/36) → |